Ако вашиот ПИН е на оваа листа, веднаш променете го

Точка

26/09/2024

22:46

17.718

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте размислувале колку е тешко за потенцијалните крадци да го погодат ПИН-от на вашата картичка? Ако не сте, еве неколку интересни истражувања за најчестите комбинации.

Автор на ова истражување е Ник Бери од компанијата "Data Genetics", а резултатите покажуваат дека најчестиот ПИН во светот сè уште е „1234“, но има и други комбинации кои се многу чести, а можеби не ви текнало.

Сајбер-криминалците немаат лесна работа кога сакаат да ограбат некого и да го откријат неговиот ПИН, но луѓето кои користат некои од овие вообичаени комбинации многу им го олеснуваат животот.


Како што вели Бери, веќе е добро познато дека не е паметно да се користат датуми на раѓање или исти четири броеви како комбинации на ПИН. Сепак, многумина го прават токму тоа.

За истражување користел 3,4 милиони ПИН комбинации кои протекле на интернет, односно биле пронајдени на различни форуми по хакерски напади.


Како што рековме, „1234“ е најчестиот ПИН (сочинува 11% од сите комбинации), а потоа следат „1111“, „0000“ и „1212“. Во топ 10 влегуваат и следните комбинации: „7777“, „1004“, „2000“, „4444“, „2222“ и „6969“.

Бери направи и листа на најретко користените комбинации – така што според ова, вие сте прилично безбедни ако го користите „8068“ бидејќи тој ПИН бил користен само во 25 од 3,4 милиони анализирани случаи. Некои други ретки комбинации се: „8093“, „8398“, 7638“, „8428“ и „8285“.

Во спротивно, безбедносните експерти советуваат периодично да го менувате вашиот ПИН за да ги намалите можностите за злоупотреба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг