Научниците осознаа шокантно откритие: Еден познат климатски феномен може да го избрише целокупниот живот на Земјата

Точка

24/09/2024

18:22

3.552

Големина на фонт

а а а

Научниците неодамна открија подводен настан кој речиси го збришал целиот живот на Земјата и на тој начин фрли ново светло на една од најголемите природни катастрофи во историјата.

Настанот, кој се случил пред приближно 250 милиони години, збришал 90 отсто од животот на планетата, што го прави дури и посмртоносен од астероидот што ги убил диносаурусите.

Големото истребување е предмет на многу научни истражувања, но најновата студија, објавена во списанието „Саенс“ (Science), наведува дека климатските феномени како „Ел Нињо“ можеби одиграле клучна улога во предизвикувањето глобалната катастрофа.


„Ел Нињо“ е добро познат феномен кој предизвикува драстично затоплување на морските површини, особено во централниот и источниот дел на Тихиот Океан. Овој феномен се случува кога температурата на морето во тропскиот источен Пацифик се зголемува за половина Целзиусов степен над долгорочниот просек. Научниците сугерираат дека овие климатски настани, заедно со вулканската активност, можеле да предизвикаат екстремни климатски промени кои довеле до Големото изумирање.

Кинескиот научник Јадонг Сун тврди дека кислородните изотопи во фосилите укажуваат на можното значително учество на „Ел Нињо“ во масовното истребување.

„Повеќето животи не успеаја да се прилагодат на овие услови, но за среќа, неколку видови преживеаја, а без нив ние денес немаше да постоиме“, рекол Сан и додал дека тоа за малку ќе било крај на животот на Земјата.

Научниците од кинескиот универзитет за геонауки и од Универзитетот во Бристол заклучија дека „Ел Нињо“ значително влијаел на климатската варијабилност, предизвикувајќи големи промени што доведоа до уништување на шумите и другите екосистеми.


Д-р Александар Фарнсворт од Универзитетот во Бристол, коавтор на студијата, објасни дека климатското затоплување само по себе не може да предизвика вакво катастрофално изумирање.

„Нашето истражување покажа дека зголемувањето на стакленички гасови не само што го загрева поголемиот дел од планетата, туку ја зголемува и варијабилноста на временските и климатските услови. Ова ги прави уште понепредвидливи и потешки за опстанок“, изјавил Фарнсворт.

Иако вулканите одиграле важна улога во Големото изумирање, студијата посочува дека промените во климата и времето, предизвикани од „Ел Нињо“, можеби биле клучни за дестабилизирање на екосистемот. Ненадејните промени на температурата предизвикале масовни миграции на видовите, но многумина не успеале да најдат услови доволно студени за да преживеат.


Причината за Големото изумирање останува делумно нејасна поради недостигот на фосилни докази и сложеноста на историските податоци, меѓутоа, научниците се сигурни дека се случил голем настан со разорни последици. Катастрофалните климатски промени и вулканските ерупции заедно создале услови што повеќето живи суштества од тоа време не можеле да ги преживеат.

Истражувачите денес продолжуваат да ја проучуваат мистериозната епизода од минатото на Земјата која нè потсетува на кревкоста на животот на нашата планета и како климатските промени и екстремните временски услови можат да имаат непредвидливи и деструктивни последици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг