Вера отворила конкурс за дечко, добила 5.000 пријави и ги одбила сите: Ниту еден не ѝ ги исполнил условите, ова се нејзините барања

Точка

20/06/2024

20:00

8.235

Големина на фонт

а а а

Минатата година, Вера Дијкманс објавила преку „ТикТок“ дека прифаќа апликации од мажи кои сакаат да бидат нејзин дечко, а биографиите на кандидатите брзо почнале да пристигнуваат.

Манекенката ги замолила мажите да пополнат детален прашалник за себе, вклучително и дали сè уште живеат со своите родители, дали имаат секс за една вечер и дали поседуваат автомобил или не, пренесува „Mirror“.

Од неколку илјади кандидати кои сакале да ѝ се додворуваат – вклучително и еден познат додворувач – само тројца ѝ биле привлечни, додека морето други пораки воопшто не ја импресионирале.


„Би рекла дека добив околу 5.000 апликации, но откако поминав низ повеќето од нив, најдов само тројца момци за кои сметав дека се соодветни. Бев на состанок со нив, но сè уште сум сингл во моментов. И покрај овој разочарувачки резултат, јас и понатаму експериментот го смеам за успешен затоа што можев да одлучувам и да видам кои мажи ги исполнуваат критериумите. Морав да филтрирам помеѓу доста чудни апликации. Еден човек ми понуди да ми испрати примерок од својата крв и бараше мој назад – што игнорирав. Исто така, добив пријава од една позната личност. Не можам да кажам кој е тоа, но дефинитивно не очекував! Повеќето пријавени беа од Тексас“, била искрена Вера.


Еден од потенцијалните момчиња изјавил дека иако живее со своите родители и нема автомобил, тој поседува два чамци, додека друг ѝ се заколнал дека никогаш нема да флертува со нејзините пријателки – таа смета дека тоа е нешто што се подразбира. Третиот се пофалил со својата постојана работа, а одбивал да ѝ дозволи да има поголем плакар од него.


Иако Вера уживала во предизвикот, таа одлучила во иднина да бара момче надвор од социјалните мрежи и Интернетот и одбила да прави компромиси. Идеалниот маж на Вера е духовит и има добар вкус за музика, а истовремено заработува и свои пари. Исто така, таа се надева дека нејзиниот човек сака да гледа цртани филмови.


„Во моментов ја ставив потрагата по момче на чекање, но ги чувам моите опции отворени. Едноставно сум многу пребирлива и ми треба момче кое ќе биде речиси совршено. Мислам дека не би требала да правам компромис со своите потреби – претпочитам да бидам сама додека не најдам маж со кој треба да бидам“, објаснила таа.

„Не би се пријавила повторно преку Интернет апликации. Доколку тоа повторно го направам, веројатно ќе биде тет а тет“, додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг