[ФОТО] Маѓепсува со изгледот: Славната убавица се соблече во бикини во шестиот месец од бременоста

Точка

15/06/2024

20:11

5.603

Големина на фонт

а а а

Нина Агдал и нејзиниот вереник Логан Пол го очекуваат своето прво дете.

Данскиот топ модел Нина Агдал, која важи за една од најубавите манекенки на денешницата, неодамна објави дека го очекува своето прво дете со милијардерот Логан Пол, со кој е во врска од 2022 година.


Оваа убавица тогаш напиша дека „доаѓа уште еден Пол“, а сега се пофали со својот изглед во шестиот месец од бременоста. Таа позирала во бикини со рацете на стомакот и ги маѓепса следбениците со оглед на тоа дека на фотографијата е сосема природна, односно без грам шминка.

„Шест месеци со моето бебе“, напишала познатата Нина која за само неколку часа добила бројни комплименти.


Данската убавица беше во врска и со познатиот заводник Леонардо ди Каприо со кој љубовта траеше околу една година, а потоа стана една од најбараните манекенки и попопуларна од било кога. Таа се забавуваше и со синот на познатата манекенка Кристи Бринкли - Џек Бринкли Кук, а по него мирот го пронајде во прегратките на сегашниот вереник со кој чека дете.

Тој ја запросил во јули 2023 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг