Принцот Луи им дал урнебесен совет на фудбалерите на Англија пред мечот со Србија: Поради она што им го порачал, сите велат дека е вистински крал

Точка

12/06/2024

11:14

7.703

Големина на фонт

а а а

Британскиот принц Луи Артур Чарлс имал интересен совет за членовите на англиската фудбалска репрезентација пред патувањето на Европското првенство во Германија кое ќе започне во петок на 14-ти јуни и ќе трае еден месец.

Малиот принц кој ја воодушевуваше јавноста со своите „лудории“ на разни јавни настани, повторно е во центарот на вниманието, а неговата препорака е оценета како вистински хит. Што имало момчето да им каже на спортистите открил неговиот татко принцот Вилијам, кој неодамна го посетил англискиот тим во Њубороу, Велс.

„Вчера бев на училишната трка со децата и ги прашав: „Што да ѝ кажам на англиската репрезентација денеска?“. Советот што го добив е да јадете двојно повеќе од вообичаено“, рекол принцот Вилијам во разговор со фудбалерите во Сент Џорџ Парк.

„Потоа имав визија како трчате наоколу со големи стомаци и во болки, па мислам дека треба да го прифатите советот на мојот помал син со малку резерва“.


Изјавата на малиот Луи е доказ дека децата знаат да бидат оригинални и често се во право. Зарем фудбалот не бара многу сила? Иако е сосема точно и дека треба да внимавате и што и колку јадете. Советот на Луи открива и како децата гледаат на спортот. Јасно е дека забележуваат дека на теренот се води вистинска борба и дека за да победите треба да бидете доволно силни.

Репрезентацијата на Англија во недела ќе игра натпревар со српската селекција, потоа на 20-ти јуни следува мечот со Данска и на 25-ти јуни мечот со Словенија.


Принцот Вилијам го поддржа тимот на Англија на платформата „Х“ – на официјалниот профил на принцот и принцезата од Велс пишува: „Ви посакуваме многу среќа на #EURO2024“.

Вилијам, како и Кејт Мидлтон, е голем љубител на спортот. Тој на почетокот на годинава со синот, принцот Џорџ (11), го следеше фудбалскиот натпревар на неговиот омилен клуб Астон Вила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг