Лебеф за офанзивецот на Челси: Можеби ќе биде жртвуван, ако на Алонсо…

Дерби

28/09/2026

14:33

151

Големина на фонт

а а а

Уште некое време нема да имаме натпревари на клупски план, а секогаш кога се работи за ваков период во кој репрезентациите се во фокусот се појавуваат вести за иднината на некои играчи.

Се бара приказна кога едноставно нема доволно вести со тоа што мора да има одредена основа за да се започне одредена тема. Имено во шпанските медиуми се појави вест дека талентираниот Естевао Вилијан не е задоволен од статусот кој го има во Челси, од минитуте кои ги добива од Чаби Алонсо и се посочи Барселона како опција за него.

Каталонците беа сериозно заинтересирани за Бразилецот пред овој да премине во Челси, па сигурно тој не е избришан на „Камп Ноу“ иако сега конкуренцијата е поголема и времињата се поинакви.

Франк Лебеф како некогашен ас на „сините“ ги следи овие информации и имаше што да каже на тема Естевао и иднината на „Стемфорд Бриџ“.

-Мислам дека Естевао можеби ќе мора да го напушти Челси и тоа е штета бидејќи е чист талент. Но, Чаби Алонсо докажа во Леверкузен дека неговиот систем функционира со тоа што беше непоразен и ја освои Бундеслигата. Зошто да го менува? Тој се приклучи на Челси кога Естевао веќе беше таму, но не го избра конкретно. Естевао можеби ќе биде жртвуван. Можеби е време да се продаде.

-Ако нема да го користите, продајте го, бидејќи заслужува да игра и би можел добро да го искористат другите тимови. Има голем талент. Ако на Чаби Алонсо не му е потребен, зошто да го задржите наместо да го пуштите да се пресели на друго место?- истакна Лебеф.