[ВИДЕО] Јокиќ се огласи и ги расчисти сите дилеми околу неговата иднина во Денвер

Дерби

29/09/2026

12:54

324

Големина на фонт

а а а

За месец октомври е закажан почетокот на новата сезона во НБА лигата што значи дека влегуваме во завршната фаза пред да се вратат возбудувањата од најквалитетниот кошаркарски шампионат на светот.

Никола Јокиќ се очекува одново да биде еден од најдобрите играчи, да го предводи Денвер Нагетс до добри резултати, но пред да почне „лудилото“ Србинот доби можност да се огласи за неговата иднина.

Центарот имаше можност да го продолжи договорот со Денвер изминативе две лета, меѓутоа тоа не се случи и тоа придонесе да се појават одредени сомнежи дека Јокиќ може да го напушти Колорадо.

Меѓутоа едно се медиумските натписи, вести, друга е реалноста и Јокиќ испрати директна порака за тоа каде се гледа во наредните години.

-Ќе потпишам наредната година…ако ме сакаат-истакна Никола.

Според информациите Јокиќ го очекува супер договор во 2027 година, 360 милиони долари за пет години.