[ФОТО/ВИДЕО] Богат со историја и недопрена природа: Оброк за 7 евра, кафе 2 евра – какви се цените на еден од најпопуларните полуострови во Грција?

Точка

23/05/2024

17:15

19.407

Големина на фонт

а а а

Пелопонез, полуостровот богат со историја и недопрена природа, дава незаборавно искуство на патување и летување.

Сместен на југот од Грција, овој полуостров претставува вистинско богатство на спектакуларни пејзажи, антички споменици и песочни плажи.

Иако нема многу класични летувалишта, поголем дел од крајбрежјето на Пелопонез (особено западниот дел) се карактеризира со песочни плажи, долги 10-на километри и совршено тиркизно море.

Сепак, пред да зачекорите на Пелопонез, клучен момент од патувањето е преминувањето преку Коринтскиот канал. Ова чудо на инженерството од доцниот 19 век ја раздвојува копнената граница на Грција и полуостровот Пелопонез, а ги спојува Јонското и Егејското море.

Најубавите плажи на Пелопонез

Иако секоја плажа на Пелопонез има свој единствен карактер, сите плажи се одликуваат со неопислива убавина на крајбрежјето на Јонското и Егејското море. Така на пример во близина на Нафплиа сместена е плажата Калогриа, една од најубавите на Пелопонез.

Од друга страна, покрај фактот дека Астрос е убаво место со одлични плажи, туристите укажуваат на убавината на плажата Паралио Астрос.


Туристите ја препорачуваат и плажата во местото Захаро. Неколку километри долгата, песочна плажа, ја карактеризираат пријатна атмосфера и ниски цени.

Фактот дека таму нема метеж и дека главно во овој дел од Пелопонез летуваат локалци, претставува вистински начин за запознавање на грчката култура и начинот на живот.

На самиот југ од островот сместено е едно од најубавите приморски села во цела Грција. Фотографиите од ова село се многу популарни на социјалните мрежи. Станува збор за Лимени кое има голем број камени куќи и вили сместени околу малиот залив со кристално чистата вода.


Цени на одредени намирници на Пелопонез

Доколку се осврнеме на цените и трошоците кои ќе ги имате во текот на одморот на Пелопонез, може да укажеме на нешто пониски цени на одредени намирници, но и повисоки цени на некои полуксузни производи, на пример цигарите.

И, додека за цигари потребно е да издвоите 4,6 и 5,8 евра, просечната цена за оброк во ресторан е меѓу 7 евра и 10 евра по личност, односно во просек од 20 до 50 евра за двајца. Цената на еспресо е 2 евра, капучино 2,8 евра, а за домашно пиво потребно е да издвоите 3 евра.


Во рестораните за шише вода ќе издвоите 0,5 евра додека за газиран сок 1,3 евра. Цените на овошјето и зеленчукот главно се исти како и во останатите делови од Грција, меѓу 1 и 2 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг