[ФОТО/ВИДЕО] Овој патописец вели: „Ова е една од најекстремните земји коишто ги имам посетено: Го забранија Божикот, Новата година и гласното плачење на погребите“

Точка

07/09/2024

18:52

14.745

Големина на фонт

а а а

Без оглед на тоа што го посветил својот живот на патувањата и во текот на своите патешествија има доживеано најразлични возбудувања, патописецот Роберт Дацешин вели дека Таџикистан е само една од неколку земји коишто не го оставиле рамнодушен.

„Иако до сега имам посетено многу конзервативни и прилично затворени земји, оваа ми изгледа како една од најекстремните досега“, вели Дацешин за Таџикистан којшто го посети пред една година.


„Помеѓу останатото, овде се забранети Новата година, Божикот, како и каков било друг вид на јавно прославување. Забрането е организирање на венчавки со многу луѓе, а на погребите не е дозволено гласно да се плаче, да се држат рацете на глава или да се покажуваат преголеми емоции. Забрането е на децата да им се даваат странски имиња, мажите не смеаат да имаат долги бради, а исто така забранети се сите боречки спортови коишто промовираат насилство“, вели Роберт.


Оние коишто се доволно храбри да го прослават својот роденден во таџикистанско кафуле или ресторан ќе мора да одвојат пари и за казна. Таков беше случајот со Амирбек Исајев којшто пред неколку години на потежок начин ја научил лекцијата за забраната на прослави, откако морал да плати казна од 600 евра поради прославата на неговиот роденден.


Клучниот доказ против била неговата фотографија со торта на Фејсбук. Амирбек бил прогласен за виновен и покрај тоа што келнерот изјавил пред судот дека никој не му честитал роденден на Амирбек.


Од 2016 година, граѓаните мораат да им даваат имиња на децата коишто се наоѓаат на листата на службениот државен регистар, а и рестораните мораат да имаат соодветни имиња. Тие коишто сакаат да отворат италијански ресторан во Душанбе не можат да го наречат „Bella Italia“ или нешто слично, бидејќи законот за државен јазик наредува рестораните да имаат традиционални имиња.


Кога зборуваме за оваа земја, Таџикистан или земјата на Таџиките, таа е најмала држава во централна Азија, а настанала со распадот на СССР. Во Таџикистан денес живеат околу 10 милиони луѓе, со тоа што двојно повеќе (20 милиони) Таџикистанци живеат во странство.


Главниот и воедно најголем град во Таџикистан е Душанбе, а околу 90% од површината на Таџикистан ја сочинуваат планини.


Одредени планини се навистина високи, па така највисокиот врв во земјата „Исмаил Саманиа“ се наоѓа на висина од 7495 метри, а во минатото беше и највисокиот врв во целиот Советски сојуз нарекуван „Врв на Комунизмот“.

„Таџикистан исто така бил најслабо развиена република во рамки на поранешниот Советски сојуз, меѓутоа и денес спаѓа во најсиромашните земји од овој дел на светот“, вели Дацешин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг