Вчера една од најубавите Европејки ја покори Венеција во фустан кој е како создаден за неа: „Новата Софија Лорен“ направи спектакл на црвениот тепих

Точка

05/09/2024

10:01

18.540

Големина на фонт

а а а

На премиерата на филмот „Joker: Folie a Deux“ на 81-от Филмски фестивал во Венеција, вниманието го украде Мадалина Генеа, која се појави во елегантен фустан и ги засени сите присутни.

Мадалина, која важи за една од најубавите жени на светот, пленела погледи со својот гламурозен изглед.

Таа синоќа на Филмскиот фестивал во Венеција се појави во бакарен фустан од милион светки. Гламурозната креација одлично ја истакнала линијата на убавата Романка, а длабокиот шлиц дополнително го нагласил нејзиниот сексапил.


Во долниот дел фустанот благо се шири и има подолг шлеп, а Мадалина сето време заводливо им позирала на фотографите. Актерката го комплетирала изданието со дијамантски висечки обетки, необични нараквици и сандали со тенки ремчиња.

Инаку, оваа дама веќе неколку години е популарна ширум Европа, но светската слава ѝ ја донесе улогата на Софија Лорен во филмот „House of Gucci“. Иако оваа улога беше епизодна, беше невозможно да не се забележи оваа убавица, не само поради нејзината завидна убавина и фигура, туку и поради фактот што многумина ги потсетува на познатата филмска дива.


Мадалина е родена во Слатина, Романија, од која заминала на 15-годишна возраст. Таа ја има ќерката Шарлот, која ја доби во врската со Романецот Матеи Стратан, а по него ја поврзуваа со Џерард Батлер, Леонардо ди Каприо, Вито Шнабел и цела низа успешни познати заводници.





Спонзорирани линкови

Маркетинг