Истражување открива: Кога точно паровите ширум светот најчесто имаат секс?

Точка

07/09/2024

15:00

12.372

Големина на фонт

а а а

Истражување покажаа точно кога паровите ширум светот најчесто имаат секс. Имено, тие најмногу имаат секс во сабота во 22 и 09 часот, пишува „Њујорк пост“.

Истражувањето го спроведе „Pour Moi“. На него учествуваа повеќе од 2.000 возрасни ширум светот.

Дури 43 отсто од испитаниците изјавиле дека сабота им е омилен ден за секс. Петок е на второ место со 22 отсто, а потоа следат недела и четврток со 10 и шест отсто.


Не е чудно што не се заинтересирани за водење љубов на почетокот на неделата. Имено, само два отсто од испитаниците рекле дека тоа го прават во понеделник.

Покрај горенаведеното, беше анализирано и колку често луѓето имаат секс. Речиси половина од испитаниците или 48 отсто од нив одговориле дека тоа го прават еднаш неделно.


Помал процент од луѓето изјавиле дека почесто имаат секс. Имено, 19 отсто од испитаниците водат љубов двапати неделно, 13 отсто трипати неделно и 7 отсто од нив четирипати неделно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг