Таркан пред речиси 30 години го освои Балканот со мегахитот кој и денес се слуша: Беше уапсен поради поврзаност со наркотици, а еве како изгледа денес

Точка

10/05/2024

15:00

3.187

Големина на фонт

а а а

Таркан Теветоулу е еден од најдобрите турски пејачи кој постигна голема слава во 90-те, а некои од неговите најголеми хитови сè уште се слушаат на нашето поднебје.

Тој го постигна најголемиот успех надвор од својата земја во 1998 година со песната „Kiss Kiss“, која денес брои повеќе од 80.000 милиони прегледи на Јутјуб.

Роден е на 17 октомври 1972 година во малото гратче Алцај, во близина на Франкфурт, како петто од шесте деца. Кога имал 13 години, неговиот татко одлучил да се врати во Турција, што се покажало како добар потег за Таркан.

Во 1990 година тој станал студент на Музичката академија во Истанбул. За да заработи за живот, пеел по ресторани во Истанбул. Средбата со продуцентот кој бил воодушевен од вокалот на Таркан била судбоносна.

Првиот албум го издаде во 1992 година, а вториот во 1994 година, а веќе тогаш стана голема ѕвезда во Турција.

Во 2010 година се појави вест дека Таркан бил уапсен бидејќи бил поврзан со двајца дилери на наркотици. Како што пренесоа турските медиуми тогаш, полицијата наводно пронашла помала количина хашиш во викендичката на поп-ѕвездата, недалеку од Истанбул.

Таркан никогаш не се огласи по овој повод.

Во 2016 година се ожени со 13 години помладата Пинар Дилек, со која ја доби ќерката Лија. Свадбената церемонија била одржана во неговата куќа во Истанбул. Дилек, како и нејзиниот избраник, е родена во Германија, а парот бил во врска пет години пред да го каже судбоносното „да“.

Таркан сè уште се занимава со музика и изгледа добро, а на социјалните мрежи го следат над 6 милиони луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг