[ФОТО] Обожавателите ја критикуваат руската манекенка за нејзината облека во Кан: „Ужасно, сè се гледа“

Точка

20/05/2024

09:30

2.442

Големина на фонт

а а а

Рускиот модел Наташа Поли беше на Канскиот филмски фестивал. Таа присуствуваше на премиерата на филмот Емилија Перез од Жак Аудиар.

Таа го привлече вниманието на публиката со својата модна комбинација. Имено, Поли носеше целосно проѕирен фустан, креиран од модната куќа „Mugler“.


Следбениците не се воодушевени

Изгледот го комплетираше со нагласена шминка, накит од Картие и црни потпетици. Таа на социјалните мрежи се пофали со својот стајлинг, но наиде на бројни критики од нејзините следбеници.

„Што е ова? Извинете, но ова е ужасно“, „Зошто луѓето носат сè помалку облека? Ви ги гледаме интимните делови“, „Очекував поголема елеганција“, се дел од коментарите на следбениците за нејзиниот изглед.

38-годишната Наташа почнала да се занимава со манекенство во раните 2000-ти. Од 2004 година, таа се појавува во бројни рекламни кампањи, насловни страници на списанија и модни писти. Наташа се наметна како една од најбараните модели, а „Vogue Paris“ ја прогласи за една од 30-те најдобри модели во 2000-тите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг