[ВИДЕО] Неговиот страв е дека прерано ќе умре: Славниот актер со петте деца во Кан доведен до солзи

Точка

20/05/2024

10:44

3.651

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер вчера на „Канскиот фестивал“ го претставил филмот на кој работел со децении во придружба на пет од седумте негови деца.

На 77-от „Кански филмски фестивал“ вчера била одржана премиерата на филмот „Horizon: An American Saga“ во режија на Кевин Костнер, кој ја толкува и главната машка улога.


Пред свечената премиера, холивудскиот ветеран се прошетал на црвениот тепих во придружба на пет од неговите седум деца.

Претходно во текот на денот, тој позирал со најмладиот син Хејз, кој глуми во филмот на неговиот татко и кој го добил името по главниот јунак, бидејќи станува збор за проект на кој Костнер работел со децении.


Во Кан, заедно со него покрај Хејз, биле и Лили, Грејс, Ени и Кејден, а по свечената проекција актерот бил награден со седумминутни овации кои го довеле до солзи.

„Жал ми е што моравте толку долго да аплаудирате за да сфатам дека треба да говорам“, се пошегувал тој потоа. „Вие сте добри луѓе … Ова е толку прекрасен момент, не само за мене, туку и за актерите кои се тука со мене, за луѓето кои веруваа во мене, кои продолжија да работат. Ова е забавна работа и многу ми е мило што ја најдов. Ниту едно место не е како ова. Ова никогаш нема да го заборавам, а нема ниту моите деца“.


Костнер не зборувал многу за својот приватен живот, но по раѓањето на Кејден, најстарото дете кое го има со поранешната сопруга Кристин Баумгартнер, тој изјавил дека е загрижен што нема да биде тука за своите најмлади деца.


Кејден пристигнал на свет кога Костнер имал 52 години, а тој признал како се надева дека ќе ја има истата енергија во себе како во младоста, кога станал татко на своите најстари деца.


„Мојот најголем страв е дека моето ново дете ќе го воспитува некој друг, што значи дека мојот живот прерано ќе се заврши. Не би можел да го научам што значи да се биде маж. Сакам да бидам јас онаа личност која ќе му раскажува за животот.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг