Со години чекала судбината да ги намести коцките и да ја „сервира“ најдобрата одмазда – после овие фотографии на нејзиниот поранешен сопруг нема да му биде добро

Точка

20/05/2024

16:22

3.791

Големина на фонт

а а а

Сиена Милер никогаш не била посреќна никогаш од деновиве кога судбината ги наместила коцките за да може својата среќа да „му ја одбие од глава“ на поранешниот партнер.

Сиена заблескала како најголема ѕвезда на Канскиот фестивал кога на црвениот тепих се појавила со својата ќерка и момчето.

Актерката во таа прилика носела син фустан под којшто се оцртувала деликатната долна облека.

Со пуштена, руса коса и со дискретна шминка, актерката изгледала прекрасно, среќно и задоволно.


Не толку одамна, Сиена некако како да била заборавена ѕвезда, после бурниот љубовен живот со актерот Џад Лоу.

Актерката во оваа прилика на црвениот тепих ја донела и 11-годишната ќерка Марло која ја добила со поранешното момче Том. Том и Сиена останале во добри односи и заедно го воспитуваат своето дете, а неретко сите заедно излегуваат.

Сепак, Сиена јавноста најдобро ја знае по врската со Џад Ло којшто бил груб кон неа. Нивната романса била тема број еден во текот на тие години. Се зборувало дека поради Сиена актерот ја напуштил дизајнерката Сејди Фрост со која има три деца. Сиена и Џад се вериле, а потоа нов скандал се појавил во јавноста.


Имено, актерот ја изневерил со дадилката, а потоа келнерка забременила од него. Сиена во јавноста била претставена како изневерена жена и сите нејзини актерски проекти „паднале во вода“.

„Тоа беше навистина тешко. Се надевам дека такво нешто повеќе никогаш во животот нема да доживеам. Баш требаше да имам претстава во театар во која имав главна улога, со недели морав да станувам од кревет и да се соочувам со раскинувањето кое стана јавно. А, потоа морав истата вечер да застанам пред 800 луѓе. На тие први неколку недели воопшто не се сеќавам“, изјавила актерката во едно интервју.


Сепак, Сиена му простила на Џад, а парот повторно се верил во 2010 година. Но, следната година повторно бил прогласен крај за нив. Сиена сепак не можела да му го прости неверството.

Но, тогаш до јавноста стигнал и еден неверојатен факт – очигледно дека Сиена одлучила да му врати на Џад, па го изневерила со неговиот најдобар пријател Даниел Крејг.

Џад Ло ги потврдил гласините и кажал дека кога слушнал за неверството веднаш му се јавил на Крејг со којшто се скарал.


По сите љубовни падови, Сиена сонцето ја огреало со помладиот Оли од којшто е постара 15 години. Годинава тие добиле и дете, а Сиена моментално е најсреќната жена на светот затоа што моментално има се: младо момче кое ја поддржува, деца и успешна кариера.




Спонзорирани линкови

Маркетинг