[ВИДЕО] Прво огласување на Кејт Мидлтон откако објави дека има канцер: Пред да ѝ се влоши состојбата, започнала важен проект – еве за што станува збор

Точка

20/05/2024

14:09

4.897

Големина на фонт

а а а

Од соопштението во кое истакна дека ѝ е дијагностициран канцер, принцезата од Велс била посветена на лекувањето, а сега е откриено дека тоа не е единствено со што се занимавала.

Кејт Мидлтон (42), принцезата од Велс се огласила првпат откако на 22 март соопшти дека боледува од канцер и дека ќе биде посветена на своето лекување, поради тоа што докторскиот тим ѝ предложил „превентивна хемотерапија“.

Таа во јануари подлегнала на операција во пределот на абдоменот после што се повлече од јавноста, а следеа шпекулации и теории на заговор за нејзината состојба.

Сопругата на принцот Вилијам потоа се огласи и во кратко видео објасни дека ѝ е дијагностициран канцер, како и дека ќе биде посветена на лекувањето, со порака дека ќе биде добро.

По повод Неделата на менталното здравје, таа сега со сопругот се огласила споделувајќи видео на нивниот официјален Инстаграм профил каде зборуваат за предизвиците на менталното здравје со кои се соочуваат британските фармери, конкретно земјоделецот Сем Стејблс.

Тоа воедно е и првиот проект на Кејт откако сподели дека има здравствени проблеми.

„Во текот на денот поминат на фармата на Сем во Херефорд, беше воден разговор за менталното здравје и земјоделската заедница со поддршка на Стратегиите за менталното здравје на Војводството Корнвол“, било наведено во видеото.


Иако Кејт не се појавува во него, тоа е направено под нејзино водство и на принцот Вилијам. „GB News“ наведува дека проектот бил во развој пред состојбата на принцезата да се влоши.

Фановите на британското кралско семејство ги пофалиле Кејт и Вилијам затоа што во овој тежок момент се посветиле на подигнување на свеста за проблемите со менталното здравје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг