Актерот Метју Пери почина во октомври минатата година на 54-годишна возраст, а во култната серија „Пријатели“ тој и Кортни Кокс глумеа љубовни партнери.
„Благодарна сум што можев толку блиску да соработувам со него толку години. Често ме посетува, ако веруваме во тоа“, се присетила Кортни Кокс (59) на починатиот колега Метју Пери.
Се ближи 20-годишнината од популарната серија „Пријатели“ во која таа и Пери прво глумеа најдобри пријатели, а потоа и љубовни партнери.
Во интервју, актерката изјавила дека и натаму чувствува дека актерот е покрај неа, пишува „CBS News“.
„Разговарам со мајка ми, татко ми, Пери. Чувствувам дека има многу луѓе кои нѐ водат. Чувствувам дека Метју е сигурно тука“, изјавила актерката.
Неодамна актерката на својот Инстаграм профил се присетила на култната серија чија последна епизода била емитувана пред 20 години.
„Поминаа 20 години од финалето на „Пријатели“. Не знам како успеавме да глумиме низ сите тие солзи. Засекогаш сум благодарна“, напишала актерката покрај исечокот од серијата којшто го објавила.
Успешната серија со емитување започна во 1994 година и се прикажуваше низ 10 сезони, а и денес е обожувана ширум светот.
Метју Пери во октомври минатата година почина на 54-годишна возраст. Извештајот од обдукцијата потврди дека актерот починал како последица на кетамин и давење.