[ВИДЕО] Што се крие зад ритмичната песна „Europapa“? Холандскиот претставник својата потресна животна приказна ја отпеа на Евровизија

Точка

10/05/2024

08:51

2.716

Големина на фонт

а а а

Мелодична песна, со многу весели ноти, но всушност крие многу тажна и емотивна позадина.

Во втората полуфинална вечер на Евровизија, Холандија ја претстави младиот пејач Џуст Клејн со песната „Europapa“ која е одраз на неговиот личен живот и искуство.

Џуст е роден на 10 ноември 1997 година и немал лесно детство.

Кога имал само 12 години неговиот татко починал од канцер. Помалку од една година подоцна починала и неговата мајка како последица на срцев удар.

Животот морал да го продолжи како дете без родители, но утехата ја нашол во креирање јутјуб видеа кои биле поразлични од оние кои тинејџерите и децата на негова возраст ги правеле.

Тој снимил и документарец за местото во кое пораснал, во кој говори како се снашол со губењето на двајцата родители како млад, а потоа сето тоа го преточил во музика со која се претставил на Евровизија.

Во 2016 година кога одлучил да создава музика и да има рап кариера, ги избришал сите траги од претходниот живот и содржините на социјалните мрежи.

Тој е познат по својот енергичен стил во којшто комбинира елементи на поп со весел хард рок и поп панк. Џуст до денес објавил осум студиски албуми и над 25 синглови.

Тој исто така создал и своја сопствена издавачка куќа. Неговиот прв албум „Dakloos“ го објавил во 2016 година. Песната „Europapa“ е во чест на неговиот татко.


Низ песната уметникот му порачува на слушателот дека нема граници доколку сакате да ги остварите своите соништа и да ја споделите својата приказна.

Мелодијата е дива мешавина на меланхолија и среќа, испорачана со поетски текстови и привлечен ритам по којшто пејачот е познат.

„Europapa“ ја раскажува приказната за младото момче без родители кое патува ширум Европа со цел да го внесе своето име во огромниот свет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг