[ВИДЕО] Раперот настапувал во речиси празна арена, фановите имаат луда теорија зошто немало публика

Точка

30/04/2024

13:24

4.025

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер Куаво (33) настапил пред речиси празна арена во Хартфорд, Конектикат. На интернет беа објавени снимки од концертот, а според податоците на странските медиуми, во арената имало само околу 75 луѓе.

Од видеата се гледа дека најголемиот дел од публиката стоела во првите редови пред бината, а дел од нив биле и на трибините. По објавувањето на снимките, многумина помислиле дека се работи за шега и дека тие всушност биле снимени пред да започне концертот. Но, во подоцнежните видеа е јасно дека Куаво пее пред мал број луѓе.

Фановите мислат дека Крис Браун купил поголем дел од билетите

Секако, интернетот има луда теорија зошто немало луѓе на концертот во арената, чиј капацитет е нешто повеќе од 5700 лица. На социјалните мрежи, фановите започнаа да шпекулираат дека Крис Браун ги купил преостанатите билети за да се погрижи салата да изгледа празно.

Куаво и Крис Браун се во кавга и си упатуваат многу критики еден кон друг во последните неколку години. Затоа, фановите брзо дошле до заклучок дека Крис е одговорен за овој дебакл. Други, пак, пишувале дека Браун не е виновен за ништо и дека Куаво нема публика во тој град.

И покрај гласините, нема докази дека Браун стои зад малиот број на посетители.



Спонзорирани линкови

Маркетинг