[ВИДЕО] Има две деца, никогаш не се буди поради бебето во текот на ноќта: Кога објаснила зошто, имало бурни реакции – дадилката ја плаќа 740 долари неделно

Точка

24/02/2024

14:00

5.080

Големина на фонт

а а а

Мајка на две деца, Џена Мишел од Чикаго, тврди дека е сопруга која останува дома и дека потпишала предбрачен договор „ветувајќи дека секогаш ќе остане згодна“. А дел од нејзината рутина за убавина е осумчасовен сон, додека некој друг се грижи за нејзиното дете.

Џена, која е во своите 30-ти, минатата есен со сопругот добила ќерка. Во тоа време таа ги повикувала другите жени „мудро да го изберат таткото за своето бебе“. Сега таа има ноќна медицинска сестра која работните денови ги поминува во нејзината куќа за да се грижи за бебето додека мајката спие.

Се пошегувала на „TikTok“ дека нејзиното бебе е „блокирано до 7 часот наутро“ кога ќе пристигне професионалната дадилка. Ноќната медицинска сестра или ноќна дадилка, е обучен специјалист за нега на бебиња со долгогодишно искуство во грижата за новороденчиња и бебиња. Тие им помагаат на родителите со ноќното хранење, доењето и сите проблеми со спиењето. Повеќето ноќни медицински сестри работат помеѓу 21 и 7 часот наутро, но тоа е работно време по договор.


Кога вашето бебе ќе се разбуди за хранење, ноќната дадилка ќе се погрижи да се всади добра практика за хранење“, објасниле експертите од „Night Nannies“.

„Таа ќе се погрижи вашето бебе да остане будно за добро да се нахрани, а потоа ќе го заспие и смести во креветче вашето бебе. Честопати мајките ќе одлетаат со мислите додека дојат или можеби немаат енергија да го заспијат бебето доколку се уморни. Ова може да резултира со повторно будење на бебето за многу кратко време, што бара дополнително заспивање и евентуално повторно хранење. Исцрпената мајка тоа можеби нема да го препознае во ситните ноќни часови. Ноќната дадилка ќе се погрижи сè да биде во најдобар ред, а вие да спиете што е можно подобро“.


Џена, која себеси се нарекува „The real housewife of Chicago“, наводно плаќа околу 635 фунти (околу 749 евра) неделно за нејзината ноќна медицинска сестра. Таа вели дека нејзиниот сопруг ја презема улогата за време на викендите.

„Секое искуство е различно и треба да го правите она што вам ви одговара“, напишала во коментарите на своето сега веќе вирално видео на „TikTok“.

Многу корисници се собрале во коментарите како би ги споделиле своите искуства и размислувања.

„Јас го правам истото, само што мојата ноќна дадилка е мојот сопруг“, се пошегувала извесна корисничка.

„Дефинитивно би вработила дадилка доколку финансиски сме во можност“, додала друга.

Но, не сите биле воодушевени.

„Дали јас сум единствената која уживала во будењето ноќе поради своето бебе? Сè е тивко и сами сте со вашето бебе, тоа е прекрасно. Не би го менувала за ова“, гласел уште еден коментар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг