[ВИДЕО] Шестгодишно девојче испиша историја: Двапати го собори женскиот светски рекорд во решавање Рубикова коцка

Точка

22/09/2026

16:30

186

Големина на фонт

а а а

Шестгодишното девојче, Лиан Јунџи двапати во само три дена го собори женскиот светски рекорд во решавање Рубикова коцка, објави Би-би-си. Новиот рекорден просек изнесува 4,27 секунди.

Прва жена со просек под 4,5 секунди

Лиан стана првата натпреварувачка со просечно време на решавање пократко од 4,5 секунди. Станува збор за просек од пет составувања. На натпреварите во Вухан и Гуангжу најпрво постави рекорд со просек од 4,52 секунди, а потоа го подобри на 4,27 секунди.

Интензивни подготовки

Младата натпреварувачка од покраината Сечуан ригорозно се подготвувала. Би-би-си наведува дека секојдневно вежбала по два до три часа и дека за решавање на коцката совладала повеќе од 1.300 алгоритми.


Актуелни рекордери

Според податоците на официјалното Светско здружение за решавање коцки (WCA), рекордот во поединечно решавање Рубикова коцка (3×3×3) го држи Полјакот Теодор Зајдер со време од 2,76 секунди. Најдобро просечно време од 3,51 секунда поставил Јихенг Ванг.