Сите зборуваат за фотографија од Њујорк од 1936 година: Еден детаљ предизвика бизарна расправа

Точка

25/09/2026

17:31

459

Големина на фонт

а а а

Фотографија од Њујорк од 1936 година, која ја снимила уметницата Беренис Абот, повторно се најде во центарот на вниманието, речиси девет децении откако е направена.

На прв поглед, станува збор за обична сцена од времето на Големата депресија. Сепак, еден детаљ предизвика жестока расправа на социјалните мрежи.

„Изгледа како мажот да разговара …“

Фотографијата го прикажува раздвиженото секојдневие на Менхетен и луѓето на еден од најпознатите плоштади – Јунион Сквер. Меѓу нив се наоѓа маж кој изгледа како да држи некаков предмет до увото. Токму тој детаљ го привлече вниманието на интернет-корисниците.

Бидејќи мажот е свртен со грбот, предметот е скриен и невозможно е со сигурност да се утврди за што станува збор. Тоа, сепак, не спречи бројни шпекулации.

Еден корисник на „Facebook“ напиша: „Изгледа како мажот да разговара на мобилен телефон. Хм, патник низ времето?“

Друг праша: „Дали е тоа патник низ времето кој разговара на телефон, свртен со грбот кон фотоапаратот?“

Токму идејата дека мажот „користи мобилен телефон“ предизвика најголемо внимание. Меѓутоа, проблемот со таа теорија е фактот дека фотографијата е направена речиси половина век пред таквата технологија да стане достапна.

„Motorola DynaTAC 8000X“, кој се смета за првиот комерцијално достапен рачен мобилен телефон, беше пуштен во продажба дури во 1983 година.

Многу поедноставно објаснување

Секако, постои и многу поедноставно објаснување. Мажот најверојатно држи приемник од краткобраново радио. Таквата технологија постоела уште од 1920-тите години.

Инаку, Абот ја овековечила сцената од Јунион Сквер во рамките на нејзиниот документарен проект „Changing New York“, а фотографијата е наречена „Union Square, 14th Street and Broadway“.

Денес фотографијата се наоѓа во колекцијата на Бруклинскиот музеј, пренесува „Daily Mail“.

Таа повеќепати била споделувана на социјалните мрежи, каде што корисниците не само што се восхитуваат на сцената од минатото, туку одново го отвораат прашањето дали фотографката можеби, сосема случајно, снимила „патник низ времето“.

„Го обожавам типот кој разговара на мобилен телефон“, напиша еден корисник на „Facebook“.

Друг му одговори: „Прилично сум сигурен дека тоа е Марти Мекфлај“ (главниот лик од култниот филмски серијал „Враќање во иднината“, заб. авт.).