Најинтелигентната жена на светот открива 3 работи кои ѝ го спасиле бракот – и секоја е полесна од претходната

Точка

21/02/2024

23:21

23.807

Големина на фонт

а а а

Мерилин вос Савант, жената со најголем коефициент на интелигенција (IQ), ја открива тајната на нејзиниот успешен брак со познатиот научник Роберт Џарвик.

Мерилин вос Савант се нашла во центарот на вниманието на светската јавност во осумдесеттите години на 20 век, кога на тестот за интелигенција постигнала 228 поени (иако подоцна се шпекулирало дека вистинскиот резултат бил 190). Благодарение на тој резултат, таа влегла во Гинисовата книга на рекорди како жена со највисок IQ.


Нејзиниот долгогодишен сопруг е научник, истражувачот Роберт Џарвик, кој бил главниот човек во тимот што го создаде вештачкото срце Јарвик – 7.

И иако и таа и тој се зафатени со наука и креативни истражувања, тие успеале да го одржат и спасат својот брак, а Мерилин открила што било клучно за тоа.


Заедништво

Без оглед на тоа дали одат на џогирање заедно, во теретана или на одмор – тие секогаш се трудат, сè да прават и одбираат заедно. Без разлика дали станува збор за рутата по која ќе се движат или кој дел на Париз ќе го посетат, парот овие одлуки ги носи секогаш заедно.

Ги избегнуваат социјалните мрежи

Ниту Мерилин ниту Роберт немаат „Facebook“ профили. „Чувствувам дека таквите работи отвораат прозорец во животот надвор од вашиот однос“, зборувала таа. На ова Џарвик додал дека кога поминувате време на социјалните мрежи, вие сте сами.


Семејство

Нивните внуци имаат 17 години. „Ги гледаме често“, говорела Мерилин. И нивните ќерки се придружувале на оваа дружење, кога на софата во облик на јајце, која ја нарекуваат „гнездо“, гледаат филмови како „All Creatures Great and Small“ и „Up and down“.

Случајна средба

Љубовната приказна на овој пар, сепак, започнала сосема необично, а сè започнало од денот кога еден човек во авионот читал еден од списанијата кои се наоѓале на седиштето. Му се допаднало како изгледа жената на насловната страница и што за неа открива написот внатре.

Тој човек бил Роберт Џарвик, а жената на насловната била Мерилин вос Савант. Годината била 1986.


„Фотографијата беше добра“, зборува Џарвик, но концептот за комбинирање на тоа со нејзиниот интелект ме привлече.“ Затоа и ја побарал.

Во тој момент Мерилин била на пат за Хаваи, а преку асистент дознала дека Роберт „можеби сака да ја замоли на состанок“. Сепак, пред да одлучи да го покани, прочитала сè што е достапно за мажот кој подоцна ќе стане нејзин сопруг.

Подоцна и двајцата го опишале првиот разговор како „непријатен“, но Роберт, од негова гледна точка, го означува моментот како „преодна точка“ во неговиот живот, математички термин кој се однесува на точката на кривата каде што се менува линијата на закривеност.

„Да кажев „збогум“, сè ќе беше поинаку

Сепак, тој одлучил да ѝ го испрати на Мерилин својот дневник, за неговиот живот, пред првиот состанок.

Иако тој интензитет може да исплаши многумина, вос Савант го сметала овој потег за „многу отворен“.

„Роб не е лукав. Беше во фазон – ова сум јас. Бев фасцинирана.“ Се договориле да се сретнат во Лос Анџелес, кога таа се враќала од одмор.


„Се чувствував како да ја познавам отсекогаш“, зборувал тоj. Поминале три дена посетувајќи музеи, излегувајќи на вечера и разговарајќи, разговарајќи и уште малку разговарајќи.

Љубов за цел живот

Вос Савант и Џарвик се венчаа на 23 август 1987 година, една година откако првпат се сретнале.

Денес е очигледно дека изградиле прекрасен живот. Нивното „заедништво“ е насекаде, вклучително и блескавиот мурал на Сончевиот систем кој Џарвик го дизајнирал и креирал. Шест месеци лежел на импровизирани скелиња како Микеланџело, за да ги претвори зборовите на својата сопруга во уметност.

MERILIN VOS SAVANT I ROBERT JARIK

"Sve što vam je potrebno je ljubav" - John Lennon i Paul McCartney

Istinitije reči...

Posted by Sirom zatvorenih ociju on Saturday, 26 August 2017

Денес, парот има две ќерки и два внука, а како што вели Мерилин, Роб за неа сè уште е истиот човек покриен со златно лисје“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг