Се сретнале највисокиот маж и најниската жена на светот, видеото од нивното дружење изгледа надреално

Точка

20/02/2024

14:30

4.336

Големина на фонт

а а а

Султан Косен од Турција е висок 2 метри и 51 центиметар и ја носи титулата највисок човек на светот. Во Калифорнија, Султан ја запознал својата спротивност, најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге, која е висока само 62,8 центиметри.

Косен и Амге влегоа во Гинисовата книга на рекорди во 2011 година и оттогаш немаат конкуренција.

Покрај висината, поради рацете долги 27,5 центиметри и стапалата долги 36,5 центиметри, Турчинот влезе во Гинисовата книга на рекорди и во 2009 година.

По 6 години, Косен и Амге повторно се сретнале во Калифорнија, каде заедно појадувале и се фотографирале за спомен.

Косен и Амге, исто така, се сретнале во Каиро во 2018 година на покана на Министерството за култура и туризам на Египет, а во таа прилика ги посетија пирамидите во Гиза.


И Султан и Амге се многу популарни на социјалните мрежи.

Тие преку снимки и фотографии покажуваат како изгледа животот на најниската жена односно на највисокиот маж на светот.