Роби Вилијамс зад себе има возбудлив живот и кариера, тој важи за многу отворена личност, па во неколку наврати досега открил интересни факти за себе.
Роби Вилијамс денеска го слави својот 50-ти роденден
Англискиот пејач Роби Вилијамс денеска го слави својот 50-ти роденден, а по овој повод „BBC Radio Stoke“ направи специјална програма во која зборуваше неговата мајка Џен Вилијамс.

„Никогаш не сакал роденденски забави“ – истакна таа. -Го прашував дали ќе правиме забава оваа година, а тој ќе речеше: „Не мамо“.
Можеби Роби не сака да го слави роденденот, но во текот на долгата кариера повеќе пати покажа дека знае да ужива во секој ден. Познати се неговите изјави дека никогаш за ништо не се кае бидејќи животот е прекраток, дека нашол цел во животот, дека знае да најде радост во сè.
За време на повеќедецениската популарност на Роби Вилијамс научивме многу за него, но и најголемите обожаватели пропуштија некои многу интересни детали, па по повод 50-тиот роденден на пејачот ќе спомнеме некои од нив.

Тој вели дека три пати видел вселенско летало
Роби Вилијамс не се плаши да го каже она што му е на ум, па немал проблем со години да тврди дека гледа вселенски бродови.
„Се појави голема топка од златна светлина, која ми го осветли животот“ – изјавил тој пред неколку години на шоуто Џереми Кајл.
Тој исто така тврди дека има духови, за кои вели дека се „од други светови“.
„Луѓето ќе мислат дека сум луд, што е и точно всушност“ – додал тој.
Не завршил средно училиште
По завршувањето на католичкото училиште, Роби влегол во средно училиште и бил еден од најпалавите ученици, па многумина не биле изненадени кога не успеал да го заврши.
„Има многу работи за кои не знам ништо. Јас не сум образован. Го напуштив училиштето на 16 години, без никакви квалификации. Она што го знам се моите чувства, што мислам за светот и што тој мисли за мене“, изјавил пејачот во една прилика.
Што правел Роби Вилијамс пред неговата музичка кариера?
Откако го напуштил училиштето, Роби Вилијамс морал некако да се издржува, па се вработил како продавач, а извесен период работел и во цвеќарница.
Мама е одговорна за сè
Додека Роби Вилијамс се борел да го најде својот пат во животот, неговата мајка видела оглас во весникот дека машкиот бенд „Take That“ бара нов член и му предложила да се пријави. Роби ја послушал и неколку години подоцна тој стана светска сензација.
Независноста не беше евтина
Кога решил да го напушти „Take That“, Роби морал да плати 1,5 милиони фунти за прекршување на договорот. На крајот, поради ова, тој бил во толку многу долгови и својата соло кариера не ја започнал од нула, туку од огромен минус на финансиски план.
Спиел со троцифрен број на жени
Роби е во брак со Еда Филд од 2010 година, со која има четири деца, иако на врвот од неговата славата не се навестуваше дека може да биде толку мирен, семеен човек.
Кога го прашале со колку жени спиел, пејачот минатата година за „The Sun“ изјавил:
„Веројатно со повеќе од просечниот тип, но со помалку отколку што би очекувале“, а потоа истакнал дека таа бројка е некаде околу 110 жени.















