„Тој е бесна свиња“: Блејк Лајвли не бираше зборови за колегата кој го обвини и за сексуално вознемирување

Точка

23/01/2026

11:17

990

Големина на фонт

а а а

По долго време, актерката повторно се сети на неговото однесување и немаше ниту еден убав збор да каже за актерот Балдони.

„Војната“ меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони не е завршена, а и двајцата повторно се најдоа во центарот на вниманието на јавноста откако нивната приватна преписка беше објавена.

Во неа, Блејк Лајвли не штеди зборови за Џастин Балдони, обвинувајќи го за „болна“ кампања против неа.


Случајот што започна како контроверзност околу популарниот филм сега е пред судот, а пораките што Блејк Лајвли ги испрати до авторката на книгата Колин Хувер откриваат како ескалирал конфликтот меѓу актерката и режисерот.

Во нив, Блејк го опишува Џастин Балдони како „бесна свиња“, обвинувајќи го дека намерно се обидува да ја дискредитира јавно.

Пораките беа објавени во вторникот, 20 јануари, непосредно пред клучното рочиште за тужбата на Лајвли против 41-годишниот Балдони.

Блејк Лајвли не штедела зборови

Во пораките од 11 јули 2024 година, таа отворено ги изрази своите фрустрации од однесувањето на Балдони.

„И покрај неговото континуирано вознемирувачко однесување, сепак ми е жал“, напишала Лајвли, а потоа продолжила поостро:


„Колку пати на ден мора да ме потсетува дека ме клевети затоа што го замолив да не ме вознемирува сексуално или емоционално? Затоа што го направив неговиот филм подобар? Затоа што ги доведов најдобрите музичари и забавувачи да придонесат за филмот? Затоа што водев маркетинг кампања бесплатно?“.

Тој ме прави чудовиште

Во своите пораки, актерката нагласува дека не знае точно што направила за да заслужи таков третман:

„Рајан Рејнолдс вели дека треба да ми пишува писма со извинување и благодарност секој ден. И наместо тоа, тој избира да ме направи чудовиште, но кој е мојот грев? Бев фокусирана на работата и му ја дадов секоја можност да ги поправи работите. И тој сè уште продолжува да се однесува како бесна свиња“.

Сериозни обвинувања за вознемирување

Пораките се дел од доказите во тужбата на Блејк Лајвли во која Џастин Балдони се обвинува за сексуално вознемирување и одмазда. Балдони ги отфрли сите тврдења, наведувајќи дека немало „клеветничка кампања“ и дека негативниот публицитет се појавил спонтано.


Адвокатката на Блејк Лајвли, Сигрид Меколи, изјави дека материјалите вклучуваат повеќе сведоштва од очевидци кои ги потврдуваат тврдењата во тужбата:

„Доказите ги вклучуваат изјавите на г-ѓа Лајвли, како и повеќе жени кои опишуваат вознемирувачки искуства“, излавил Меколи, истакнувајќи дека сите биле пријавени уште во пролетта 2023 година.

Судот наскоро треба да одлучи дали постапката ќе продолжи, а почетокот на судењето е планиран за мај 2026 година.