Американската актерка Гвинет Палтроу говорела за искуството од снимањето на интимните сцени со Тимоти Шаламе во филмот „Marty Supreme“, откривајќи како изгледало да се работи на такви сцени со значајно помлад колега.
Палтроу (53) учествувала во сесијата прашања и одговори во Санта Моника, Калифорнија каде отворено проговорила за снимањето на секс-сцените со Шаламе (30).
Разговорот го водела Деми Мур која присуствувала на проекцијата на филмот и спомнатата „Q&A“ програма.
„Тој имаше 27 или 28 години, а јас над 50 и мислам, чудно е тоа и јас помислив: Ох, ако мене ми е чудно тогаш веројатно и него ќе му биде многу чудно. Меѓутоа, всушност беше во ред. Не беше толку чудно“, раскажала Палтроу.
Говорејќи за самиот процес на снимање, актерката признала дека имала одредени двоумења.
„Имаше многу секс-сцени и бев малку загрижена поради тоа, едноставно не сум правела такви работи многу долго, но беше многу удобно и во ред“, додала актерката.
Филмот „Marty Supreme“ го следи Шаламе во улога на Метју, продавач на чевли опседнат со желбата да стане најдобриот пинг-понг играч на светот во 50-тите.

Палтроу и Шаламе биле во центар на внимание во 2024 година кога биле фотографирани на снимањето на сцена во која нивните ликови се бакнуваат во Централ Парк во Њујорк.
Палтроу во неодамнешно интервју истакнала дека соработката со Шаламе на филмот којшто го режирал Џош Сефди била исклучително позитивно искуство.
„Толку е лесно да работите со него. Толку е брилијантен, посветен, опуштен и самоуверен“, изјавила таа.










