Шефот на Нетфликс призна кој им е вистинската закана: Најмногу се плаши од една апликација на нашите мобилни телефони

Точка

22/01/2026

19:21

1.294

Големина на фонт

а а а

Тед Сарандос, со-извршниот директор на Нетфликс, им испрати јасна порака на инвеститорите и регулаторите: пазарот никогаш не бил посуров.

Во пресрет на борбата за одобрување на 83 милијарди долари вредното преземање на „Ворнер Брос“, Сарандос предупредува дека нивната најголема закана повеќе не се само традиционалните студија, туку и технолошките гиганти и социјалните мрежи.

Пораката се чини внимателно подготвена за претстојната битка, доколку регулаторите во САД или Европа се обидат да го оспорат договорот на компанијата од 83 милијарди долари за преземање на „Ворнер Брос“. Стратегијата на Сарандос е јасна – да ги убеди регулаторите дека „Нетфликс“ не е монопол, туку само еден играч во преполна арена.

„Телевизискиот пејзаж никогаш не бил поконкурентен отколку што е денес. Никогаш немало поголема битка за креативци, за вниманието на потрошувачите и за рекламирање и пари од претплати“, рече Тед Сарандос.


Конкурентските линии околу потрошувачката на телевизија веќе се бришат, бидејќи бројни услуги ја пласираат својата содржина истовремено на линеарни канали и услуги за стриминг, а сè повеќе платформи го наоѓаат патот до телевизорот во вашата дневна соба“.

Сè стана телевизија

Сарандос нагласил дека дефиницијата за телевизија драматично се променила.

„Телевизијата не е она со што пораснавме. Телевизијата сега е речиси сè. Оскарите и НФЛ се на Јутјуб. Мрежите истовремено го емитуваат Супербоул на линеарна телевизија и стриминг. Амазон е сопственик на МГМ, Епс се натпреварува за наградите Еми и Оскари, а Инстаграм е следен“, додал тој.

Споменувањето на Инстагам е клучно. Минатиот месец, како што забележа „The Hollywood Reporter“, Инстаграм лансирал нова апликација наречена „Reels“ за телевизори, пробивајќи се на веќе преполниот пазар за рекламирање. „Reels“ веќе има рекламен бизнис вреден 50 милијарди долари, што ја потврдува неговата сила во просторот.

Јутјуб како сериозен играч

Сарандос посебно внимание му посветил на Јутјуб, истакнувајќи дека тој повеќе не е само платформа за содржина генерирана од корисници и смешни видеа со мачки.


„Јутјуб има долгометражни филмови, нови епизоди од драми и ријалити серии. Имаат НФЛ натпревари. Имаат Оскари. Би-би-си наскоро ќе произведува оригинална содржина за Јутјуб. Тие се телевизија“, истакнал Сарандос во вторник. „Значи, сите се натпреваруваме со нив во секоја димензија: за талент, за рекламни пари, за пари од претплата и за сите форми на содржина“, додал тој.

Сарандос заклучил дека тие се натпреваруваат за вниманието на луѓето низ уште поширок спектар на опции што вклучуваат стриминг, емитување, кабелска телевизија, гејминг, социјални мрежи и видеоплатформи од големите технолошки компании.

„Нашиот договор го зајакнува пазарот и обезбедува здрава конкуренција што ќе им користи на потрошувачите и ќе ги заштити и создаде работни места. Затоа сме уверени во одобрувањето“, заклучил Сарандос, јасно насочувајќи се кон регулаторите кои ќе одлучат за судбината на мега-трансакцијата со Ворнер Брос.