Хеликобактер (Helicobacter pylori) е микроорганизам кој го населува нашиот дигестивен тракт и може да предизвика чир и гастритис. Често се нарекува и „болест на валкани раце“. Обично се инфицираме во детството, а еднаш настаната инфекција не се лекува, трае цел живот.
Од кога во 1983 година, хистопатологот Ворен и гастроентерологот Маршал за првпат успеале да докажат спирални бактерии во стомакот, инфекцијата со Helicobacter pylori (HP) е постојан фокус на научните и медицинските кругови.
Бројни студии ја докажале поврзаноста на HP инфекцијата со гастритис, дуоденален улкус, чир на желудник и рак на желудник.
„Само 20% од луѓето заразени со оваа бактерија имаат симптоми кои вклучуваат тапи или испрекинати болки во стомакот, непланирано губење на тежина, крвава столица и повраќање“, зборувал Д-р Иван Ѓуриќ, општ лекар и објаснил што всушност претставува инфекцијата со Helicobacter pylori.
„Helicobacter pylori е група на бактерии кои можат да предизвикаат инфекција во желудникот или дуоденумот (првиот дел од тенкото црево). Тоа е најчеста причина за пептичен улкус, односно чир што се јавува токму во овие длови на дигестивниот тракт.“
„Helicobacter pylori, исто така може да ја разгори и иритира слузницата на желудникот, која ја знаеме и како гастритис“, нагласил докторот.
„Нелекуваната, долготрајна инфекција може да доведе до рак на желудникот.“
Се проценува дека 50% до 75% од светската популација е заразена со оваа опасна бактерија.
„Кај повеќето луѓе не предизвикува значајни симптоми, затоа со години поминува незабележано. Инфекцијата е почеста во земјите во развој со лоши санитарни услови, иако е проширена низ целиот свет. Во земјите со ниски хигиенски стандарди, зачестеноста на инфекцијата е висока, најмногу кај деца под десет години, а во развиените кај постари лица.
Дали ќе дојде до инфекција зависи и од способноста на бактеријата да ја надмине одбраната на телото, т.е. колку гастричната слузница на домаќинот е отпорна на инфекции, како и способноста на бактериите да се размножуваат и шират.“
Како се пренесува Helicobacter pylori?
Helicobacter pylori може да се пренесе од едно на друго лице. Се задржува во плунката, денталниот плак и фецесот. Инфекцијата може да се пренесе со бакнување и пренесување на бактерии од рацете на оние кои не ги измиле правилно по дефекацијата.
Научниците веруваат дека Helicobacter pylori може да се шири и преку контамираната вода и храна.
Како предизвикува оштетување?
„Helicobacter pylori се размножува во мукозната мембрана на желудникот и дуоденумот, т.е. дванаестопалачното црево. Бактериите лачат ензим наречен уреаза кој ја претвора уреата во амонијак. Овој амонијак ги штити бактериите од желудочната киселина. Како што се размножува бактеријата, таа навлегува во ткивото на желудникот, што доведува до гастритис и/или чир.
Ова се симптомите на инфекцијата
Симптомите и знаците, доколку се присутни, се оние кои настануваат од гастритис или чир и го вклучуваат следново:
• Тапа или испрекината болка во стомакот (почесто неколку часа после јадење и навечер). Болката може да трае од неколку минути до неколку часа и може да дојде и помине во период од неколку денови до недели;
• Ненадејно губење на тежината;
• Надуеност;
• Гадење и повраќање (крв присутна во повратената содржина);
• Лошо варење;
• Подригнување;
• Губење на апетит;
• Темна столица (крв присутна во столицата).
Се проценува дека само 20% од заразените имаат симптоми, додека сите останати случаи се асимптоматски.
Како се дијагностицира Helicobacter pylori?
Дијагнозата се поставува на 3 начини:
• Гастроскопија, иако е инвазивна ова е најсигурната метода да се утврди присуството на Helicobacter pylori. Сондата се спушта во желудникот, од каде се зема примерок од слузницата и се тестира.
• Тест за здив на уреа, неинвазивен метод. На пациентот му се дава уреа, а по одредено време се утврдува присуството на бактерии во издишаниот воздух.
• Лабораториска анализа на столицата и крвта.
Раното откривање на Helicobacter pylori може да спречи бројни здравствени компликации.
„Дури и ако немаат симптоми, а сте биле во контакт со лице за кое е потврдено дека ја има оваа бактерија – тестирајте се“, советува Д-р Ѓуриќ.
Оваа бактерија може да се врати, исто како и секоја инфекција, па затоа мора да ја сфатите сериозно.
Како се лекува инфекцијата?
Кога ќе се потврди нејзиното присуство, обично се третира со два антибиотика и инхибитор на протонска пумпа – PPI (тоа се лекови кои го спречуваат производството на хлороводородна киселина во желудникот).
„Овој третман трае од 7 до 14 дена. После тоа, антибиотиците се прекинуваат, а се продолжува само со инхибитори на протонска пумпа, најмногу 8 недели. Контролен тест обично се прави 6 месеци по завршувањето на терапијата.
HP инфекцијата го зголемува ризикот од развој на чир 4 до 10 пати, па со лекување на оваа инфекција се лекува и самиот чир, па помала е можноста за повторување на чирот.