„Ова го јадам секој ден и им го препорачувам на сите луѓе постари од 50 години“: Кардиолог открива одличен начин за чување на здравјето

Точка

10/05/2025

12:16

1.777

Големина на фонт

а а а

Мјасников е популарен руски доктор којшто го открил своето мени, а кое им го препорачува на постарите од 50 години.

Менито на доктор Мјасников за луѓе над 50 години:

1. Појадок: овесна каша со ореви и бобинки

Овесната каша содржи сложени јаглехидрати кои бавно се варат, а даваат долго чувство на ситост и не предизвикуваат нагли скокови на шеќерот во крвта. Но, главната работа е тоа што содржи и растворливи растителни влакна кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го одржуваат здравјето на цревата.


Зошто ова е важно после 50 години?

Како што старееме, нашиот метаболизам забавува, ризикот од кардиоваскуларни болести се зголемува, а овесната каша е единствен и вкусен начин да го поддржите здравјето на срцето, крвните садови и варењето на храната.

2. Ручек: Риба и зеленчук

Докторот непрекинато повторува: „Доколку сакаш да живееш долго тогаш јади риба“. И, не станува збор само за фосфорот, како што многумина мислат. Главната вредност се омега-3 масните киселини со кои особено се богати масните риби: лосос, скуша, сардина.

Зошто риба, а не месо?


По 50 години живот, прекумерното консумирање црвено месо го зголемува ризикот од канцер и срцеви заболувања, а рибата напротив:

- ги намалува воспаленијата во телото;

- ја поддржува функцијата на мозокот;

- ја подобрува состојбата на зглобовите;

- штити од атеросклероза.

3. Вечера: Свежо сирење и зелен зеленчук

Многу од луѓето се плашат да јадат свежо сирење навечер, мислејќи дека премногу е тешко за варење. Но докторот го разбива овој мит: квалитетното сирење е одлична опција за вечера.


Зошто сирење?

- Протеинот казеин дава ситост во текот на целата вечер и спречува катаболизам (разградување на мускулите).

- Калциумот и фосфорот ги јакнат коските.

- Свежото сирење не го преоптоварува системот за варење доколку се јаде умерено.

Зошто овие три оброци?

Тие ги задоволуваат основните потреби на телото после 50-та година:

- Срцето и крвните садови;

- Мозокот и нервниот систем;

- Коските и зглобовите;

- Варењето на храната.