Видео кое ќе ви го разубави денот: Дете од Србија ја соблекло својата облека за да стопли бездомно куче

Точка

09/12/2023

11:00

4.167

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се споделува видео направено во Горњи Милановац, Србија, на кое се гледа како едно момче ја соблекува јакната за да стопли куче.

Видеото само на ТикТок доби речиси половина милион прегледи, а гестот на момчето воодушеви многумина на социјалните мрежи. Станува збор за момчето Лазар Лазаревиќ и кучето Снупи, а на видеото може да се види како тој го соблекува дуксерот за да го обвитка и потоа го држи во раце.

„Родителите на ова дете треба да бидат горди. Секоја чест за вас, создадовте голем човек“, стои во описот на видеото кое предизвика бројни коментари.

Откако видеото стана вирално во регионот, момчето гостувало на „Uni TV“ каде раскажало како го видело кучето по враќањето од училиште и забележало дека се тресе, по што решило да му помогне.

„Го викнав да дојде и се сожалив бидејќи го видов како се тресе. За да го стоплам, ги соблеков јакната и дуксерот“, кажал Лазар во емисијата.

На крајот момчето го вдомило кучето и заедно со него дошло да гостува во емисијата.