Адријана Лима или можеби нејзините стилисти многу добро умеат да изберат фустан која ќе го истакне она најубавото на неа и евентуално ќе прикрие некој вишок килограми бидејќи и самата модна ѕвезда изјавила дека се наоѓа во „преоден период“ кога е во прашање нејзиниот изглед бидејќи сè уште се бори со скокот на килограмите, поради третата бременост.
Велиме условно вишок затоа што Адријана Лима е сè послаба и послаба. Не брзала за кратко време да ослабе по раѓањето на нејзиниот син Цијан на 29 август минатата година, но по неколку месеци почнала да тренира и резултатите се сè повидливи) можеби за нејзината фит линија е заслужно и нешто друго, како на пр. различни вештачки методи, но нема потврда за тоа).
Промените се забележливи и на нејзиното лице. Многу се коментирало дека Лима е зависна од ботокс третманите, со оглед на тоа што нејзиното лице честопати изгледало отечено, но вчеравечер било поинаку.
Адријана Лима неодамна ги прокоментирала коментарите за нејзиниот изглед, велејќи дека тоа е вистина. И со тоа предизвикала ова бура реакции.
Рамната долга коса одлично ѝ прилега и навистина изгледала како во најдобрите денови од нејзината кариера, условно кажано, затоа што за една жена сите години се најдобри.
Погледнете како одблиску изгледа Адријана Лима:
Освен модниот спектакл, забележани биле и моменти на страст меѓу Адријана Лима и Андре Лемер кои се бакнувале, гушкале … а потоа неговата рака завршила на „незгодно“ место:
Познатиот пар не можел да ги задржи емоциите, одлично се забавувале, а поради нивните бакнежи времето сигурно им „прелетало“.
Адријана Лима и Андре Лемер го имаат синот Цијан, тој во претходната врска добил две деца, а таа од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ ги има ќерките Сиена и Валентина.