Одржани британските „модни Оскари“: Рита Ора со најекстравагантен детаљ на грбот, Амал Клуни во издание налик на сирена

Точка

05/12/2023

12:18

6.434

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер во Лондон беа доделени престижните „The Fashion Awards“, таканаречените британски модни Оскари, кои собраа многу, многу ѕвезди. Толку познати имиња на едно место и толку модни изданија за кои вреди да се коментира.

Кејт Мос се појави во класичен црн фустан со заводлив шлиц - оние кои го следат нејзиниот стил знаат дека манекенката обожува вакви модни изданија. Шик на нејзиниот начин е секогаш добро да се види и навистина ги надминува сите трендови, бидејќи е тренд сам по себе. Нејзината ќерка Лила Грејс Мос Хак носела исклучително провокативен фустан.


Пејачката Рита Ора носела едноставен фустан, на прв поглед. Кога се свртела, таа ги покажала тетоважите на грбот, но и бодликавите детали во облик на 'рбетен столб.

Амал Клуни прошетала на црвениот тепих во креација со сирена крој во боја на кожа, прекриена со металик светкави детали во различни големини.


Ен Хатавеј носела наметка со геометриски принт и фустан со едноставна боја, но многу необичен дизајн.


Никол Шерцингер се појави во раскошен металик фустан со тил, а Роузи Хантингтон-Вајтли носела црна креација со многу изрези.


Гвинет Полтроу на црвениот тепих како и на забавата по настанот носела фустан во прекрасна црвена нијанса. Суки Вотерхаус има многу стил, а тоа го докажа и со фустанот од тил.


Џордан Дан го понесе еден од најоригиналните фустани, со шик детаљ на косата, додека Вини Харлоу овојпат ги стави карнерите во преден план.


Џилијан Андерсон изгледала прекрасно во деколтираната креација во боја на вино.


Во продолжение, погледнете ги и останатите модни изданија на присутните: