Ирвасите можеби не умеат да летаат, но имаат супермоќи кои можат да им помогнат на луѓето во борбата против ракот и депресијата

Точка

04/12/2023

16:01

15.540

Големина на фонт

а а а

Во 1823 година, Клемент Кларк Мур го претставил поимот на летечки ирваси во својата песна „Twas the Night before Christmas“, наводно инспирирана од Сами шаманот и нивните свети ирваси. Иако овие приказни биле демантирани, супермоќите на ирвасите во реалниот свет се фасцинантни.

Овие жители на Арктикот развиле извонредни адаптирања, од промена на бојата на очите до растење на роговите со неверојатна брзина.


Изобилуваат со уникатни карактеристики

Неодамнешните генетски студии, како што е Проектот за геноми на преживарите, откриваат уникатни особини кај ирвасите кои би можеле да бидат клучни за решавање на предизвиците кои се јавуваат кај човековото здравје.

Ирвасите успеваат во суровите арктички услови, соочувајќи се со екстремни студови, ограничена храна и долги раздобја на дневна светлина, односно темнина. Проектот за геноми на преживари открил генетски варијации кои им овозможуваат на ирвасите да ги надминат ваквите предизвици.


„Бевме изненадени кога откривме толку многу уникатни варијанти на гени поврзани со адаптација на ирвасите на арктичката средина“, вели Жипенг Ли од Кинеската академија за земјоделски науки.

Луѓето делат многу од овие гени и процеси со ирвасите. На пример, и двата вида покажуваат деноноќни ритми поврзани со циклуси светлина и темнина. Во текот на летото на Арктикот, ирвасите им пркосат на своите биолошки часовници барајќи храна речиси непрестајно под 24-часовна дневна светлина, додека во зима доживуваат успорување на метаболизмот и спорадична активност. Овие уникатни циркадијални адаптирања, забележани и кај поларните животни, како што се царските пингвини, нудат увод во можните примени за решавање на проблемот со уморот од летање (jet lag) кај луѓето.


Генетска студија открива дека ирвасите поседуваат различни верзии на гени кои управуваат со циркадијалните ритми, вклучително и мутираниот протеин Per2, кој го нарушува нивниот биолошки часовник. Виталниот дел од нивниот биолошки часовник не работи правилно, напоменал Расмус Хелер од Универзитетот во Копенхаген.

Тоа откритие отвора можности за разбирање и ублажување на нарушувањата на спиењето кај луѓето. Се смета дека нарушувањата на циркадијалниот ритам играат улога и во нарушувања во расположението, како што е депресијата.

Клуч за превенција од рак?

Неверојатно, и мажјаците и женките ирваси секоја година растат нови рогови, што е прва реткост во светот на цицачите. Истражувањата покажуваат дека гените кои се активираат при растот на роговите се слични на оние во клетките на ракот. И покрај ова, ирвасите покажуваат многу ефикасни механизми за потиснување на туморите, поради што тие имаат пет пати помала веројатност да разбирај рак од другите цицачи. Откритието го зголемува интересот за потенцијални примени за превенција или лекување на рак кај луѓето.


Фабрики за витамин Д, подобар увид во остеопорозата …

„Способноста на ирвасите ефикасно да произведуваат витамин Д во средина лишена од сонце, е уште една значајна адаптација. Особено важно за ирвасите е да го максимизираат внесот на калциум и производството на витамин Д“, истакнал Хелер. Тој подобрен систем на витамин Д кај ирвасите може да понуди увид во решавање на човечките состојби како што е остеопорозата.


Способноста на ирвасите да регенерираат ткива, особено рогови, претставува потенцијална примена во хуманата медицина, според истражување објавено порано оваа година. „Регенерацијата на ткивото и растот на ракот се две страни на иста паричка“, зборувал Јунџи Петер Јанг од Универзитетот Стенфорд.

Научниците гледаат можност во позајмување на механизмите на ирвасите за коскени заболувања како што се остеопороза или рак на коските.




Спонзорирани линкови

Маркетинг