„Нарачав исто кафе како и Италијанката, па ме „одраа“!: Бојана го посетила Рим и засрамена го напуштила кафулето: „Најлошо искуство!“

Точка

01/12/2023

14:33

7.907

Големина на фонт

а а а

Извесна Бојана ја посетила Италија, го обиколила Рим и своето искуство го споделила на социјалната мрежа „ТикТок“.

Во неколкуте видеа кои ги објавила, раскажала што јадела, што ја изненадило, но и какво непријатно искуство доживеала.


„Најлошото искуство во Рим. Станува збор за кафуле кое се наоѓа покрај Фонтаната ди Треви и е познато по своите кроасани. Еве зошто и како погрешив. Застанав во редот зад една Италијанка која нарачуваше исти работи како и јас, па тогаш тие работи ги однесов на мојата маса не знаејќи дека тие имаат и коперто. Тоа инаку не е бакшиш, туку сè е вклучено во сметката за да можете да седнете во кафулето. Овој коперто чини 10, 15 евра повеќе од тоа што јас го имав порачано.

Ме испрати на шанкот каде за две минути го „исчистив“ кроасанот и еспресото и излегов толку изнервирана и засрамена.

Не би го препорачала ова бидејќи ми има туристички вајб, „стрижење овци“ и останато“, зборувала таа во ова видео, а во описот навела дека копертото се плаќа секогаш кога ќе седнете на маса.


„Она што е интересно е дека копертото е противзаконско во Италија, но рестораните и кафулињата сè уште го практикуваат“, напишала таа.

„Истото ми се случи во Фиренца“, „Убаво е што пренесуваш, луѓето да знаат!“, „Браво, ти благодарам на инфото“, се само дел од коментарите под видеото.

Се јавиле и други кои објасниле дека насекаде е така, како и дека постои „такса“ за седењето.

„Во Италија кафето секогаш е поскапо кога седнуваш отколку да го пиеш на шанк. Ова го има насекаде и важи за сите – не само за туристите“, Бојана на ова одговорила дека разликата во цените е голема.

„Да, но беше голема разликата во цената, чинеше 5 евра, а да седнеш 15.


„Во цела Италија се плаќа за седењето на маса во однос на шанк, нема врска со туристите. Би било добро и корисно да прочитате малку за земјата во која патувате.“

Други навеле дека ова не е копрето.

„Тоа не е копрето. Во Италија цената на кафето и сè друго што ќе нарачате е поинаква, на шанкот е помала отколку за да седнеш. Пред да се пишува на ваков начин за некоја работа, треба да се информирате за земјата во која одите. Во Италија постојат даноци за услуга на маса 60%, кои ги плаќа сопственикот на локалот“, стоело во коментар.

Додале и дека копертот најчесто е од 1 до 2 евра насекаде.

Што ја изненадило во Рим?

Пред ова, објавила видео во кое открила што најмногу ја изненадило во Рим.


„Пред сè, на луѓето воопшто не им е гајле за семафорите, овде имаат и жолто светло за пешаци, тогаш се поминува, но генерално тоа не ги засега и не ги почитуваат правилата. Фонтаните во Рим имаат посебен систем по кој се пие. Полицијата е задолжена да бе набрка ако седите предолго или воопшто доколку седите на туристички места.

Кучињата можат да влегуваат било каде, вклучувајќи супермаркети, пекарници, продавници“, зборувала таа во ова видео.




Спонзорирани линкови

Маркетинг