Нова глобална ранг-листа открива кои земји ја постигнуваат најдобрата рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот во 2025 година — и не станува збор само за тоа дека таму се работи помалку. Станува збор за тоа дека се живее повеќе и подобро.
Во денешниот забрзан свет, пронаоѓањето здрава рамнотежа помеѓу животот и работата станува поважно од кога било. Новата листа „Global Life-Work Balance Index 2025“ ги рангира земјите според тоа колку добро ја поддржуваат оваа рамнотежа во 2025 година. Резултатите ги истакнуваат нациите кои даваат приоритет на благосостојбата заедно со продуктивноста. Нов Зеланд и Ирска се на врвот на листата, но Северна Европа доминира во целина.

Во предвид, меѓу другото, биле земени: породилните надоместоци, платеното отсуство, минималната плата, здравствената заштита, безбедноста и среќата, со цел да се добие композитен индекс на рамнотежа помеѓу животот и работата.
Нов Зеланд е на врвот на листата со индексен резултат од 86,9 од 100, и со минимална плата од 16,42 долари по час (околу 14 евра) нуди 32 дена законски годишен одмор и 26 недели целосно платено породилно отсуство. Ирска следува со слично издашни бенефиции, вклучувајќи универзална здравствена заштита и висока минимална плата. Инаку, земјите со силна социјална заштита често пријавуваат поголемо задоволство кај работниците и подобри резултати во менталното здравје.

Скандинавските земји како Норвешка, Данска и Финска се високо рангирани благодарение на долгото платено отсуство и универзалното здравствено осигурување. Норвешка, особено, обезбедува до 49 недели 100% платено породилно отсуство. Овие земји постојано постигнуваат високи резултати на индексите на среќа и задоволство од животот, водени од социјалната еднаквост и системите на поддршка.
Топ 10 земји со најдобар баланс помеѓу работа и приватен живот:
1. Нов Зеланд
2. Ирска
3. Белгија
4. Германија
5. Норвешка
6. Данска
7. Канада
8. Австралија
9. Шпанија
10. Финска







