Перењето на комплетната гардероба и долната облека во машина за перење може да изгледа како одличен начин да заштедите време и труд. Меѓутоа, некои алишта можат да бидат уништени засекогаш доколку и само еднаш ги ставите во машина.
Кои работи е најдобро да се перат на рака или да се однесат на хемиско чистење?
Оваа облека треба да се пере рачно
Градници
Постојат неколку работи што треба да ги знаете пред да го ставите градникот во машина. Како прво, жиците можат да го оштетат бубањот, а копчињата да ја искинат остатокот од облеката која се пере заедно со градниците. Освен тоа, доколку спојниците од градникот се заглават во барабанот, градникот ќе се истегне. И повеќе нема да биде погоден за носење. Затоа е подобро градниците да ги перете рачно.
Вратоврски
Повеќето вратоврски се направени од деликатни материјали, така што при брзо перење во машина, вратоврските имаат ризик да ја изгубат формата или да ја извалкаат другата облека. Рачно исперете ги или однесете ги на хемиско чистење.
Предмети со декоративни елементи
Пред да ги ставите во машина, прицврстете ги панталоните, фармерките, кошулите … Патентите и копчињата може да се заглават во машината и да ја оштетат облеката во текот на перењето. Што се однесува до облеката со декоративни елементи, било тоа да се светки, мониста или камења, не ги перете во машина за перење, туку на рака како не би се заглавила или оштетила машината.
Чорапи за бебиња
Сите ситни парчиња облека, како што се бебешките чорапи, треба да се перат рачно бидејќи може да се заглават и во одводот. И на тој начин да ја оштетат машината. Доколку немате време рачно да ги перете ситните парчиња облека, ставете ги во посебни мрежести вреќички, затворете ги и дури потоа ставете ги во машината.
Свилена облека
Повеќето предмети од свила бараат хемиско чистење (или барем нежно рачно перење), бидејќи високите температури и центрифугата можат да ја уништат деликатната ткаенина. Свилената облека лесно може да се искине или да ја изгуби својата форма. Доколку се одлучите за рачно перење, набавете специјален детергент за свилена облека.