Возењето со „Orient Express“ не е минато и ситуација која се случува само во романите на Агата Кристи.
Доколку не сте знаеле и денес може да се возите со „Orient Express“ низ Европа, а возот денес се вика „Venice Simplon-Orient-Express“ и е во сопственост на „Belmond“. Како и во минатото, „Orient Express“ нуди рути низ Европа, а неговите патници, односно гости уживаат на годишен одмор во воз.
Цените за возење со овој воз се огромни, а возот вози низ цела Европа. Така на пример, за возење од Париз до Венеција ќе мора да издвоите најмалку 4.300 евра за обична кабина. Најскапата карта во денешниот „Orient Express“ чини 67 илјади евра колку што треба да издвојат патниците кои патуваат од Истанбул до Париз во најскапата кабина во возот.
Цените ги вклучуваат сите оброци кои се состојат од вечера , континуиран појадок и доцен оброк или ручек, услуги на стјуарди и рецепција за шампањ по доаѓањето.
Луксуз на тркала
Луксузниот хотел којшто писателката од криминалистичките романи Агата Кристи го спомнува во славниот роман „Убиство во Ориент Експрес“ од крајот на 19 век, ги поврзува Париз со Истанбул.
Низ годините рутата се менувала, а една од најпопуларните била од Париз до Истанбул и онаа која ги поврзувала Лондон и Венеција. „Orient Express“ неодамна објавил дека повеќе нема да патува во Лондон и од Лондон.
Овој воз бил и останал познат по луксузот и елеганцијата. Внатрешноста на возот ја дизајнирале врвни дизајнери, а просторот е изработен од скапоцени материјали, како ореово дрво, кристали и злато. Патниците можат да уживаат и во врвната храна и пијалаци, но и во разните услуги како што се оние на кројачите и фризерите.
Првото возење со возот реализирано било во 1883 година, а со него патувале бројни познати личности, како Винстон Черчил, Агата Кристи и Ернест Хемингвеј. Возот поминувал низ бројни европски држави, а патувањата се разликувале по рутата, траењето и луксузот.