Вештини за кои студентите учат на факултетите наскоро би можеле да станат застарени и неважни

Точка

27/09/2023

18:29

9.023

Големина на фонт

а а а

Промените се толку брзи што тоа за кое денес учите, за неколку години нема да биде важно, ниту корисно.

Последните години сме сведоци на радикални промени на пазарот за работа. Од промени поврзани со работа од далечина, па работа со користење на дигитални алатки за кои до неодамна многумина не ни слушнале, а уште помалку да ги користеле, па до примена на вештачката интелигенција која веќе сега може да врши работи на кои луѓето им било потребно време да ги совладаат и усовршат.

Таквите промени, посебно оние поврзани со вештачката интелигенција, ќе продолжат да се случуваат и луѓето ќе мора да се приспособуваат. Но, како што предупредил шефот на компанијата и интернет страна за барање на работа „Indeed“, денешните студенти посетуваат училишта кои често и скапо ги плаќаат, како и факултети на кои учат вештини кои наскоро ќе станат сосема непотребни поради вештачката интелигенција која нивната работа ќе ја врши побрзо и поефикасно. Со вештачката интелигенција, можеме да замислиме како денес студентите на факултетите учат вештини кои, еднаш кога ќе завршат студиите, ќе бидат застарени, објаснил Крис Хајмс.


Тој вели дека последниот бран на технолошки достигнувања во целост го променил начинот на работа во многу индустрии – од патување, малопродажба, музичка индустрија итн, и во рок од само една деценија постигнал поголем ефект во однос на индустриската револуција која постепено забрзувала во текот на повеќе генерации. Допрва ќе видиме какво влијание ќе има вештачката интелигенција на пазарот за работа, но според некои предвидувања, како тоа на „Goldman Sachs“, оваа технологија би можела да влијае на 300 милиони работи ширум светот, при што две третини од работните места во САД и ЕУ би можеле да бидат автоматизирани поради вештачката интелигенција.

Вештачката интелигенција, предупредиле од оваа инвестициска банка, претставува голема потенцијална попреченост за пазарот на работа и веќе сега можеме да го видиме нејзиното влијание.


Вештините кои технологијата ги научила веќе сега се подобри од оние кои ги носи дипломата, вели Хајнс и предупредува на уште проблем поврзан со „AI“ и образованието. А тоа е користење на „ChatGPT“ за вршење на училишни задачи, пишување на есеи и мамење на испити. Во некои случаи студентите предавале есеи кои воопшто не ги прочитале. Во еден пишувало: „Јас сум само јазичен модел, немам мислење на оваа тема“, а го примил професорот од канадскиот колеџ Канестога Тимоти Меин.

Меин и некои професори затоа се одлучиле на некои промени, па од своите студенти бараат да даваат повеќе описи од лични искуства и размислувања, за да не ги користат „AI“ алатките.




Спонзорирани линкови

Маркетинг