За популарноста на овој модел најдобро сведочат обновените и сочувани примероци кои сè уште се возат на наши регионалните патишта.
Третата генерација на моделот позната и како „Kadett C“ е лансирана летото 1973-та година, и тоа во неколку каросериски изведби: како лимузина, купе и караван.
Во време кога „Opel“ ја претставува новата „Astra Sports Tourer“ во електрично издание, се потсетуваме на култниот претходник. Тогаш, пред 50 години, „Kadett“ бил претставен како автомобил со многу таленти. Тоа било, како што велат во „Opel“, паметен семеен автомобил, шармантен автомобил со практичен багажник или спортско купе.
„Kadett C“ доаѓал со погон на задните тркала и нова предна оска. Оригиналните карактеристики на дизајнот вклучувале рамна решетка на ладилникот и препознатливата хауба на произведувачот. „Kadett на само што вози добро, туку е и цврсто изграден. Бара малку одржување, лесно се поправа и е економичен за употреба“, напишале во списанието „Auto Motor und Sport“.
Тоа бил вистински „светски автомобил“ кој добил бројни копии низ светот. Не само што излегувал од производната лента во Германија, туку се произведувал и како „Chevette“ во Воксал во Обединетото Кралство. Освен тоа, се изработувал и во Азија, Австралија и Северна и Јужна Америка со благо изменета каросерија и технологија прилагодена на локалните услови.
Во Германија на почетокот се вградувале 1.2-литарски мотори со 52 коњски сили 60 коњски сили. На почетокот на 1975-та година штедливиот 1.0 бензинец со 40 коњски сили, а од другата страна на спектарот бил „GT/E“ моделот. Неговиот 1.9-литарски мотор со „Bosch L-Jetronic“ вбризгување остварувал 77kw/105 коњски сили. Со приближна тежина од 900 килограми можел да донесе најголема брзина од 184 км/ч.
Тоа бил првиот „Kadett“ кој имал безбедносни појаси во три точки на предните седишта. Сите копчиња и прекинувачи биле лесно достапни, а инструментите биле лесно читливи, што во тоа време не се подразбирало.
Денес ова возило се смета за легендарен класик кој привлекува внимание на многу рели трки за стари автомобили.