Новиот "Chevrolet Captiva" – само за одбрани

Точка

06/05/2025

21:47

1.317

Големина на фонт

а а а

"Chevrolet" забрзано ја проширува својата линија на електрични возила, а најновото дополнување на глобалната понуда го носи добро познатото име – "Captiva".

Но, пред да се возбудите, треба да се нагласи дека ова е уште еден од оние модели „само за Јужна Америка“, па затоа не се очекува негово појавување на американскиот и европскиот пазар пазар – ниту сега, ниту во блиска иднина.

Името "Captiva" првпат се појави средината на 2000-тите како компактен "SUV" наменет за одредени пазари како Европа, Австралија, Нов Зеланд и делови од Југоисточна Азија, каде што беше познат и под името "Daewoo Winstorm".


По укинувањето на оригиналниот модел, "GM" ја оживеа "Captiva" преку нова верзија базирана на кинескиот модел "Baojun 530". Сега, "Captiva" е целосно електрична и се базира на уште еден кинески модел.

Станува збор за "Wuling Starlight S" (познат и како Xing Guang S), кој моментално се продава во Кина. Објавите на социјалните мрежи од страна на "General Motors" во Бразил откриваат дека дизајнот на "Wuling" е пренесен речиси во целост, со неколку измени кои го приспособуваат изгледот кон стилот на "Chevrolet" и препознатливата „Bowtie“ значка.


Во предниот дел, "Captiva EV" има тесни "LED" дневни светла и трепкачи, додека главните фарови се поставени пониско во решетката. Иако станува збор за електрично возило, сепак има голема црна решетка за ладење, што е отстапување од типичниот дизајн без решетка на модерните електрични автомобили.

Задниот дел, пак, е речиси идентичен со моделот на "Wuling" – со истите задни светла, багажник и црн браник.

"Captiva EV" ќе се продава на пазарите во Латинска Америка, Блискиот Исток и Африка – региони каде се очекува нејзината компактна големина и прифатлива цена да најдат широк прием. САД засега остануваат надвор од плановите.

Техничките спецификации на новиот модел сè уште не се објавени, но се знае дека електричната верзија на "Starlight S" има деклариран дострел до 510 километри и забрзување до 100 км/ч за 7,7 секунди. Слични карактеристики се очекуваат и кај "Captiva EV", вклучително и можноста за полнење од 30 до 80% за само 20 минути.