Поради нејзината амбициозност била нарекувана „маж во здолниште“: Еве како изгледала ќерката на Хурем и Сулејман Величествениот

Точка

06/06/2023

11:57

5.084

Големина на фонт

а а а

Хурем Султан била омилената жена на османлискиот султан Сулејман Величествениот и неговата венчана сопруга. Таа била и мајка на 6 негови деца – султанот Селим II, наследникот на Сулејман I, принцовите Мехмет, Бајазит и Џихангир, како и ќерката Михримах Султанија.

Нејзините современици тврделе дека остриот ум го наследила од мајка ѝ, а надворешниот изглед од татко ѝ. Исто така, никој од нив не тврдел дека Михримах била преубава, туку амбициозна и доминантна, нешто како „маж во здолниште“.


Според кажувањата на историчарот од 16 век, Мустафа Селаники, таа бил убедливо најпочитуваната жена во тоа време. Сепак, тоа не ја „спасило“ од бракот од интерес во 1539 година, кога нејзиниот татко Сулејман се оженил со Рустем Паша. Многу постар, но амбициозен човек кој брзо станал голем везир. До моментот на неговата смрт во 1561 година, парот добиле најмалку две деца, за чија судбина не се знае многу до ден-денес.

Не постојат докази дека Михримах и нејзината мајка биле вмешани во убиството на полубратот на идниот османлиски султан Мустафа, иако многумина верувале дека таа неуморно работела за тоа нејзиниот брат да дојде на престолот, со помош на нејзиниот сопруг и мајка. Без оглед на вистината, многумина не ѝ го зеле ова за зло, бидејќи доколку султанот Сулејман не наредил погубување на Мустафа во 1553 година, сите нејзини браќа најверојатно биле погубени по неговото доаѓање на престолот. По смртта на нејзината мајка во 1558 година, таа ја презела улогата на личноста од доверба и советничка на Сулејман. Набрзо почнала д врши одредени државни должности и да го заменува во негово отсуство.


Кога починал нејзиниот сопруг, три години по нејзината мајка, таа понудила да се омажи за новиот голем везир Семиз Али-паша, но тој одбил. Тоа бил моментот кога одлучила дека повеќе да се мажи, па се вратила во кралската палата.  Со текот на времето растело нејзиното влијание, а нејзиното мислење повеќе од другите. Толку многу што најверојатно таа ја поддржала одлуката на нејзиниот татко да започне кампања во Унгарија во 1556 година, годината кога и починал. А кога на престолот дошол султанот, нејзиниот брат Селим II, тој продолжил да бара совети и да ги почитува одлуките на својата сестра, иако принцезата решила од тој момент да се пресели во стариот дворец и да го продолжи животот во мир.


Починала во 1578 година, надживувајќи ги сите нејзини браќа и сестри. И повторно, Михримах добила почит каква што немало ниту едно друго дете на Сулејман Величествениот – таа била единствената која била погребана до него во Сулејмановата џамија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг