Не, ова не е креација на вештачката интелигенција: Претставен „Porsche Taycan“ – со шилци!

Точка

05/06/2023

20:01

15.041

Големина на фонт

а а а

И додека го чекаме првиот редизајн на електрично „Porsche“, на северот на Европа е претставен еден навистина посебен примерок, и тоа со шилци. Иако овој „Taycan“, изгледа како да е создаден од вештачката интелигенција, за развој на оваа уметничка инсталација се погрижил младиот шведски уметник.

Овој „Taycan“ го носи имео „Assassin“, а станува збор за уметничка инсталација на младиот шведски уметник Фабиан Бергмарк Насман, кој за фестивалот „Porsche Scopes“ подготвил „Taycan“ украсен со шилци. Станува збор за точно 73 шилци кои со лепило се прицврстени за каросеријата.

Ваков автомобил тешко би ги минал безбедносните стандарди, посебно во случај на судир со пешак, а и овие издатоци драстично влијаат на аеродинамиката, што со себе повлекува поголема потрошувачка на енергија и помал домет.


Сепак, треба да се има на ум дека ова е уметничка инсталација која, според зборовите на авторот, поставува правила како да се пристапи на предмет чија површина ја прекриваат шилци. Интересно е дека оваа тема не е резервирана за автомобилот на „Porsche“,туку уметникот ја користел и на други креации.


Како што пренесува „Index.hr“, автомобилот доминирал на изложбениот простор со површина од 5.000 квадратни метри во напуштена топлана, каде на тридневна манифестација излегле 65 уметници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг