(Видео) Матурантка од Бања Лука го подели Балканот со својот стајлинг: Едни велат дека ова е сквернавење на традицијата, други ѝ аплаудираат

Точка

01/06/2023

23:38

13.176

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи кружат видеа и фотографии од една матурантка од Бања Лука, која со својот избор на фустан успеа да го привлече вниманието на целиот Балкан.

Таа носела фустан кој потсетува на носија, но „готик“ деталите драстично ја промениле сликата.

Носела многу високи чевли на платформа, додека на здолништето се истакнувал високиот шлиц под кој имала црна подвезица. Горниот дел се состоел од бела кошула и црн проѕирен корсет, а целата комбинација ја заокружила со бел чипкаст вел. На матурата, таа пристигнала со знамето на Република Српска, а нејзиното уникатно издание предизвика бурни реакции во јавноста.

Некои сметаат дека нејзината комбинација е непристојна за една матурантка, додека други биле потполно воодушевени.

„Сквернавење. Изгледа како некој евтин костим за Ноќта на вештерките. Не се прави ова со носија, никако“, „Ова е сквернавење на традицијата поради ТикТок, си можела попристојна да се појавиш“, „Прекрасна си“, „Ова е феноменално“, „Секоја чест за стилот и како е сè вклопено“, „Прекреативно, каква кралица“, се дел од поделените мислења на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг