Сериозни обвинувања против Тил Линдеман: Пејачот на Рајмштајн принудувал девојка на сексуални односи!

Точка

01/06/2023

22:26

3.821

Големина на фонт

а а а

Една жена се појавила со обвинувања упатени кон фронтменот на Рајмштајн, дека тој се обидел да ја принуди на сексуален однос. Од бендот ги отфрлиле обвинувањата.

„Станува збор за дрога, секс и насилство. За забавите пред и по концертите на Рамштајн. За жените кои тимот на Рамштајн наводно ги донел од публиката за да ги „забавуваат“ членовите на бендот зад сцената, како што е Тил Линдеман.

Шелби Лин од Ирска отпатувала на концерт на Рамштајн во главниот град на Литванија, Вилнус, каде што бендот ја започнал својата европска турнеја оваа огдина. Таму била поканета на забава пред концертот и го запознала пејачот Тил Линдеман, кој, според нејзините зборови, сакал со неа да има секс. Девојката одбила, на што Линдеман наводно реагирал многу агресивно.


Покрај тоа, Лин се сомневала дека ѝ дале некаква дрога, како што се „нокаут капки“, бидејќи вели дека испила само два алкохолни пијалаци и еден „шот“ текила, а не се сеќава на ништо што се случило после тоа. Кога подоцна се разбудила во хотелот, почувствувала болка и мачнина, а по целото тело имала модрици. На социјалните мрежи објавила фотографии од повредите и тврдела дека поднела кривична пријава.

Таа „Твитер“ на 30 мај, во вторникот, напишала дека била испрашувана од литванската полиција 5 часа преку видеоповик.

Рамштајн ги отфрлаат обвинувањата

Пејачот Линдеман сè уште не се огласил по тој повод, но бендот на својот „Твитер“ профил ги отфрлил обвинувањата: „Такво нешто се нема случено во наша близина, а не ни е познато ни дека властите водат истрага“, објавиле од бендот.

Оваа приказна изминатиот викенд кружела на социјалните мрежи и предизвикала жестоки дискусии. Анонимно се огласиле уште неколку жени, кои наводно имале слични искуства и кои изразуваат потполна солидарност кон Шелби. Другите корисници, пак, предупредиле дека треба да се внимава со ваквите обвинувања, додека не се докаже поинаку.

Сепак, многу фанови на групата Рамштајн сметале дека тоа што бендот го објавиле на „Твитер“ е многу „оскудно“ и во коментарите под објавата на бендот прашуваат зошто не објаснат појасно. Една корисничка на „Инстаграм“ прашала: „Зарем не сакате барем да се обидете да го решите тој проблем? Ситуацијата е премногу сериозна за со еден твит да се постигне нешто“, напишала таа. Рамштајн, сепак, не објавиле ништо повеќе околу таа тема, туку само фотографии од нивните концерти.



Шелби Лин се огласила повторно. Таа на „Твитер“ овојпат јасно ставила до знаење дека Линдеман не ја допирал. „Тој прифати дека не сакам да имам секс со него. Никогаш не тврдев дека ме силувал“.

На 25 мај 2023 година, Лин го отворила профилот на „Твитер“, каде ги објавила обвинувањата против Рамштајн со следните зборови: „Јас сум девојката која беше дрогирана на забавата кај Рамштајн. Сите објави на овој профил се однесуваат на тој случај“. Лин исто така нагласила дека треба „да ги прочитате сите нејзини објави и да не избрзувате со заклучоци“.


Сега преостанува случајот да биде расчистен од страна на литванските истражители. Сè уште се сметало дека Линдеман е невин. Што се однесувало за Шелби Лин, како и за другите жени кои се јавиле со обвинувања против Линдеман.


Турнејата на групата Рамштајн наречена „Europe-Stadium-Tour“, започнала на 22 мај во Вилнус и ќе трае цело лето, при што ќе посетат повеќе европски земји, од Литванија, преку Словачка и Унгарија, до Шпанија и Португалија. Во Германија се планирани концерти за 7 и 10 јуни во Минхен и 15 и 18 јули во Берлин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг