[ВИДЕО] Руска инфлуенсерка го скрши ’рбетот во обид да изведе ТикТок тренд

Точка

05/08/2025

18:51

2.740

Големина на фонт

а а а

Руската инфлуенсерка Маријана Баруткина го скрши ’рбетот откако се обидела да го изведе виралниот „предизвик со штикли“ инспириран од Ники Минаж и нејзиното чучење во спотот за песната „High School“.

32-годишната Баруткина се обидела да го изведе предизвикот на кујнски пулт, балансирајќи на тегла со детска храна додека носела високи потпетици.

Предизвикот бил инспириран од познатата поза на Ники Минаж во спотот за нејзината песна „High School“. Во тоа видео, раперката во потпетици чучи покрај базен со едната нога прекрстена преку другата, чудесно балансирајќи.


Инаку Баруткина, која е од Екатеринбург, Русија, се породила само осум недели пред да се обиде да го изведе предизвикот. Видеоснимката од несреќата стана вирална, а ја прикажува како се обидува да го изведе трикот пред да падне наназад од кујнскиот пулт. Несреќата предизвикала фрактура на ’рбетот, пренесе „The Sun“.


„Решив да започнам блог, моето прво снимање содржини – и еве ме, ја напуштам лекарската ординација со дијагноза“, напиша Баруткина на Инстаграм, додавајќи: „Иронија? Карма? Или едноставно живот, кој секогаш ја тестира нашата сила во најнеочекуваниот момент“.


Несреќата предизвика негативни реакции на социјалните мрежи, а во објава, Баруткина, осврнувајќи се на вниманието што го привлече нејзиното видео, ги нападна корисниците кои ја доведуваа во прашање нејзината физичка подготвеност како мајка, велејќи дека на нејзиниот син ништо не му недостасува.