На интернет се шири бизарна AI фотографија од Орландо Блум и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на вечера со свеќи. Двајцата „нови љубовници“ наводно уживале во остриги, црвено вино и чоколадна торта — според сатиричната објава на порталот „The Onion“ — во ресторан со Мишелин ѕвезда.
Се разбира, сè е измислено, фотографијата е генерирана со помош на вештачка интелигенција, а во текстот доминира реченицата: „Ангела го смееше цела вечер, не можеше да го тргне погледот од неа.“
Но вистинското шоу следеше кога самиот Орландо се огласи. Наместо да ја игнорира виралната глупост, актерот остави три емотикони со ракоплескање во коментарите на Инстаграм – и со тоа предизвика бранови смеа.
Кети сè почесто ја гледаат со Трудо
Целава оваа интернет-сапуница не е случајна. Се случува недолго откако Блум официјално ја раскина свршувачката со Кети Пери, со која ја има четиригодишната ќерка Дејзи Дов. Двојката во јуни 2025 потврди дека повеќе не се заедно и дека својата врска ја „пренасочуваат кон заедничко родителство“.
Во меѓувреме, Кети (40) сè почесто ја гледаат со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (53). Парот е виден повеќепати во Монтреал, наводно вечерале заедно, а Трудо е снимен и како ја следи нејзината „Lifetimes“ турнеја од публиката.
justin trudeau singing firework like that at katy perry’s concert 😭😭😭
— kanishk (@kaxishk) July 31, 2025
pic.twitter.com/IAiE9rFncN
Според извори блиски до Пери, пејачката е „спремна за забава“ по раскинувањето, но сè уште „жали за крајот на врската со Блум“. Нејзини пријатели наводно се надеваат дека нема пребрзо да влезе во нешто сериозно.
Орландо, пак, наместо да коментира сè тоа, ракоплеска на AI мемови во кои вечера со Ангела Меркел. И со тоа, изгледа, ги освојува симпатиите на интернетот – без да каже ни збор за Трудо.