[ФОТО] Сара Џесика Паркер со емотивна објава по 27 години се збогуваше од култниот лик: „Кери 27 години беше моето професионално отчукување на срцето“

Точка

04/08/2025

12:09

431

Големина на фонт

а а а

После три сезони, серијата на „HBO“ „And Just Like That“, продолжението на култната „Сексот и градот“, официјално е откажана. Веста ја потврди главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер, која со трогателна порака се прости од ликот што ја одбележа нејзината кариера – Кери Бредшо.

„Кери 27 години беше моето професионално отчукување на срцето“

Паркер на Инстаграм објави емотивно писмо во кое им се заблагодарува на сите што заедно со неа ја создаваа серијата, но и на гледачите кои со децении ја сакаа и навиваа за Кери, иако понекогаш и ја осудуваа.

„Кери Бредшо доминираше во мојот професионален живот 27 години. Мислам дека јас ја сакав најмногу од сите. Знам дека и другите ја сакаа. Беа фрустрирани од неа, навиваа за неа. Таа симфонија од емоции беше најважниот сопатник. Засекогаш сум благодарна“, напиша Паркер, потврдувајќи дека „ова поглавје е завршено“.


Додала и дека таа и креаторот на серијата, Мајкл Патрик Кинг, заеднички одлучиле „And Just Like That“ да не добие нова сезона. Серијата, истакнала, била „радост, авантура и најубавата форма на тежок труд“ во соработка со неверојатен тим и повеќе од 380 членови на продукцијата.

„Се предаде на шеширите, книгите, чевлите, пријателките и на ветувањето на новиот ден во својот сакан град и на луѓето што најмногу ги ценеше. Го носеше срамот, гордоста, честа, оптимизмот и буквално безброј фустани и здолништа. Се држеше за раце, за надеж, и за најдоброто од луѓето“, додала актерката за својот лик.


Што се случуваше во продолжението?

„And Just Like That“ повторно ги обедини Кери, Миранда и Шарлот во современиот Њујорк, но без Саманта (Ким Катрал), која се појави само во кратка сцена на крајот од втората сезона. Серијата се обиде да балансира помеѓу носталгијата и современите општествени теми, но реакциите од публиката и критиката беа поделени. Некои го пофалија освежениот пристап и новите ликови (Сима, LTW), додека други ги критикуваа дијалозите, наметнатиот тон и наративната дезориентираност.

Сепак, гледаноста беше солидна, а крајот на третата сезона остави можност за продолжение – кое, сепак, нема да се случи.

Серија која обликуваше генерации

Оригиналната серија „Sex and the City“ се емитувала на „HBO“ од 1998 до 2004 година, низ 6 сезони и 94 епизоди. Освои 7 Еми награди, 8 Златни глобуси и милиони обожаватели ширум светот. Следеа и два филма (во 2008 и 2010 година), а потоа и продолжението во форма на „And Just Like That“, кое започна во 2021 година.


Серијата беше револуционерна за своето време – отворено зборуваше за женската сексуалност, пријателството, модата и модерните предизвици на животот во голем град. Кери, Миранда, Шарлот и Саманта станаа икони на поп-културата, а Њујорк – петтиот главен лик.

26 години по првата епизода, целата приказна – барем засега – добива свој крај