Многу обожаватели на Џејсон Момоа останаа во неверица откако ја видоа ѕвездата на „Аквамен“ како ја бричи својата препознатлива брада за првпат по шест години. 45-годишниот актер, кој со години беше препознатлив по својот изглед, неодамна откри на Инстаграм дека одлучил да направи промена.
Тој сподели видео во кое ја бричи својата брада се со цел да испрати важна порака за опасностите од пластиката за еднократна употреба.
„Не сум се избричил шест години и еве нè повторно“, напиша актерот во описот на објавата, а потоа објасни:
„Ја основав „mananala“ за да помогнам во елиминирањето на пластиката за еднократна употреба. Сега одиме чекор понатаму, во партнерство со нашиот тим во „Getboomerangwater“, за да воведеме систем со затворен циклус кој ја прочистува и дополнува водата на самото место. Ова значи уште помалку отпад, намален транспорт и нашите алуминиумски шишиња ќе може да се користат повторно и повторно. Ова е иднината, а ние почнуваме на Хаваи. Да се ослободиме од пластиката за еднократна употреба. За нашите деца и нашата планета“.
Во видеото, Момоа му се обрати на директорот на „Дајн“, Денис Вилнев, со зборовите:
„Само за тебе, Денис“. Веднаш потоа, незадоволен од својот нов изглед, додаде:
„Проклетство! Го мразам ова“.
Неговата драстична промена на имиџот ги остави фановите без зборови, а социјалните мрежи беа преполни со коментари.
„Душо, разбуди се, Џејсон Момоа има голо лице“, напиша еден корисник на „Икс“ додека друг додаде:
„Џејсон Момоа изгледа сосема поинаку!!“
Интересно е што оваа промена доаѓа во време кога неговиот син, Накоа-Волф, ја презема улогата на син на ликовите што ги играат Тимоти Шаламет и Зендаја во третото продолжение на „Дина“, чија премиера се очекува во декември 2026 година.
Момоа, кој се враќа и како Данкан Ајдахо, ги отфрли шпекулациите дека му помогнал на својот син да ја добие улогата, истакнувајќи дека тинејџерот се постигнал сам.
„Го очекува грубо будење, тоа е она што го чека. Тој влегува во работниот свет за прв пат“, се пошегува Момоа неодамна.
Осврнувајќи се на обвинувањата за непотизам, холивудскиот актер додаде:
„Ќе биде добро. Тој го направи тоа сам. Не сакам да му помогнам, тој го направи сето тоа сам и целата чест му припаѓа нему. Сакате вашите деца да бидат подобри од вас, и јас навистина верувам дека тој е. Не би можел да го правам тоа што го прави тој на негови години. Нема шанси да седам во соба со Денис Вилнев и да бидам рамноправен. Бев во „Чувари на плажата“ кога имав 19 години. Тој има 16 години и се забавува одлично со Денис Вилнев.“
Филмот треба да се појави во кината во 2026 година, а обожавателите со нетрпение очекуваат да видат колку време на екраните ќе имаат заедно таткото и синот.