Ештон Качер и Мила Кунис одлучиле да си приредат романтичен викенд во Лас Вегас, а врвот на вечерта бил концертот на легендарната група „Бекстрит Бојс“. Парот, кој неодамна бил виден како лежерно пазарува со децата во Лос Анџелес, в сабота навечер се препуштил на музичката носталгија и се забавувал во ВИП делот од арената „Сфера“.
ТикТок е полн со снимки од познатиот пар, кој на 4 јули ја прослави десеттата годишнина од бракот, како танцува и пее со цел глас на хитот „I Want It That Way“. Се чинело дека на актерите од серијата „Луди седумдесетти“ воопшто не им пречи кој ги гледа, а во еден момент размениле и страстен бакнеж.
За оваа пригода 41-годишната Кунис избрала лежерна комбинација од тесна маица и панталони со висок струк, додека 47-годишниот Качер носел широка маица, панталони со прав крој и црна капа со козирка свртена наназад.
„Го украдоа шоуто“
„Ештон Качер и секогаш прекрасната Мила Кунис беа зад нас на вечерниот концерт на „Бекстрит Бојс“. Го украдоа шоуто. И двајцата беа љубезни кон публиката и фановите околу себе“, напишал еден од посетителите на концертот покрај снимката од парот.
Коментарите на обожавателите беа поделени. Додека некои пишуваа: „Толку се слатки“, други беа поскептични. „Изведуваат претстава за светот“, коментираа некои од нив со емотикон кој превртува со очите.
Турбулентен период
Ова излегување доаѓа по турбулентиот период за парот. Тие беа мета на критики откако напишаа писма на поддршка за поранешниот колега од серијата „Луди седумдесетти“, Дени Мастерсон, пред тој да биде осуден на 30 години затвор за силување во септември 2023 година. Јавниот притисок предизвика гласини за брачни проблеми, кои се засилија по апсењето на поранешниот пријател на Качер, Шон „Диди“ Комбс, поради обвиненија за трговија со луѓе.
Извор близок до парот за „Дејли Меил“ открил дека Качер жали за пријателството со Комбс. „Аштон апсолутно жали за своето пријателство со Диди поради сè што се случи. Се чувствува изневерено, предадено и изманипулирано“, изјавил изворот.
Нови бизнис проекти
И покрај приватните предизвици, парот е активен и на деловен план. Качер се враќа на малите екрани со серијата „The Beauty“ на Рајан Мерфи, која се занимава со истрага за сексуално пренослива болест што луѓето ги прави привлечни, но со фатални последици. Премиерата се очекува оваа есен.
Мила Кунис пак, неодамна заврши со снимањето на филмот „Wake Up Dead Man“, најновото продолжение од франшизата „Knives Out“, во кој глуми заедно со Даниел Крејг и Глен Клоз. Филмот треба да се појави на Нетфликс на 12 декември.
.